Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Гордана Силјановска која беше избрана на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, воопшто не е прифатлива да биде консензуален кандидат – кажа премиерот Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети на која разговараа за заеднички настап на претседателските избори. „ Таа е надвор од концептот што го подржува мнозинството. Во ниту еден сегмент не даде поддршка за она што го подржува целиот свет. Македонија направи квантен скок. Ние отидовме во исполнување на нашите децеиски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач…
Семејствата на повредените патници во автобуската несреќа кај Ласкарци од утринава веќе можат да ги посетат своите најблиски во Градската болница „8 Септември“. Азир Сефули чекаше во холот на Болницата за да го види својот син, 19 годишен студент на Архитектура кој е меѓу повредените патници што се згрижени во оваа болница. Тој вели дека предност на посета имале роднините на патниците кои се потешко повредени. – Мојот син има 19 години. Беше во автобусот на „Дурмо турс“ со кој секојдневно патува. Штом слушнав за несреќата веднаш дојдов во „8 септември“. За среќа, нема сериозни повреди. Се слушнавме телефонски и…
Наредниве денови ќе има нова средба меѓу Зоран Заев и Али Ахмети на која ќе се договора консензуалниот кандидат за претседател. Средба имало и минатата недела, но за конкретни имиња не се разговарало. -Тоа е најдобро решение за граѓаните на Македонија да имаме еден кандидат кој ќе биде прифатен од сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, рече Груби. Груби кажа дека односите во владеачката коалиција не биле нрушени во ниту еден момент. -Посебно односите Заев – Ахмети се одлични, секојдневно се води дијалог и во ниту еден момент односите не беа нарушени,заеднички донесовме многу одлуки и тоа…
Дел од членовите на комисите во Министерството за култура, по реакциите во јавноста, денеска излегоа на прес конференција, но само да кажат дека работеле чесно и според Законот. На сите прашања околу тоа зошто одредени фестивали и традиционални манифестации биле одбиени се правдаа со „некоплетната документација“. Пропуст кај себе единствено признаа од Комисијата за фолклор и музички сценски дејности. Од оваа Комисија сооштија дека провериле 100 одбиени проекти и нашле свој пропуст само кај Златно славејче- детскиот фестивал, кој не доби пари за оваа година. „Увидовме наш пропуст и ќе го коригираме. Тие доставиле изјава за простор, а ние не…
Новата претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска очекува новиот состав на комисијата професионално, законито и транспарентно да работи и да застане во одбрана на јавниот интерес. „Корупцијата ја урива стабилноста на институциите и моралните корени на општеството. Присутна е се повеќе, секојдневно, а граѓаните во отсуство на систем на вредности и интегритет се повеќе ја толерираат и прифаќаат како начин за остварување на своите цели. „Чувствував лична, професионална, граѓанска должност да се пријавам на овој прв отворен конкурс за членови на Државната комисија и сметам дека оваа комисија ќе застане на браникот на јавниот интерес“, рече Ивановска. Ивановска додаде дека…
Нури Бајрами денеска и официјално од Собранието е избран за член на новата Аниткорупциска, е баџанак на претседателот на Парламентот, Талат Џафери- оваа информација за НОВА ја потврди и самиот Бајрами, велејќи дека роднинската врска со Џефери нема да влијае врз неговата работа, ниту одлучувањето. На прашање на НОВА дали со неговиот избор се фрла сомнеж врз изборот на антикорупционерите, Бајрами одговори- “Нема шанси, нема да потклекнам на никакви притисоци и ќе се борам со секаков вид на корупција, и со високата”. Бајрами додаде дека не е во крвно сродство со Џафери- тој е женет со сестрата на сопругата на…
Билјана Ивановска ќе биде новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ивановска без дискусија ја доби поддршката и од сите членови на Комисијата за избори и именувања. За Ивановска, членовите на Комисијата за селекција на кандидатите напишале дека „врз основа на дадените одговори се оцени дека кандидатот има големо искуство во борбата против корупцијата и има јасна визија за работата на Комисијата“. Ивановска е овластен ревизор. Во Државниот завод за ревизија е вработена во 2000 година, а од 2013 преминува во ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Ивановска била вработена и во Министерството за финанисии…
Претседателката на законодавно – правната Комисија во Собранието Соња Мираковска за НОВА ТВ вели дека барањето за автентично толкување на Законот за СЈО се уште не е доставено. Тоа треба да стигне до Претседателот на Собранието, кое може да побара и мислење од Владата, а потоа да се закаже и комисиска расправа. Целата оваа процедура може да биде пролонгирана и два до три месеци. Што ќе се случува со предметите на СЈО кои се покренати по истекот на 18 месеци од добивањето на прислушуваните разговори – временски рок за кои Врховниот суд донесе мислење дека е краен законски термин во…
Професорката Гордана Силјановска е меѓу кандидатите за претседател што се пријавиле на огласот на ВМРО ДПМНЕ, потврдија високи партиски извори за НОВА. На огласот се пријавиле вкупно 5 кандидати, но нашите извори велат дека најсериозни кандидати се Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев, а повеќе шанси даваат на Силјановска за која велат дека е извесно дека ќе освои мнозинство делегати на Конвенцијата на партијата закажана за 16 февруари во Струга. Но, освен партиска поддршка, истиот партиски извор кој сака да остане анонимен за да не влијае на процесот, рече дека се размислува да се собираат и потписи за кандидатурата на Силјановска …
Новата Оперативно техничката агенција – ОТА во која се пренесени уредите за прислушување мината година следела 153 комуникации, пишува во Извештајот што го поднесе директорот на ОТА до Комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите. Во ОТА пристигнале 5 барања за следење на комуникациите од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ при МВР, а 8 барања од СЈО. Во Извештајот нема повеќе детали за случаите во кои ОТА ги следела комуникациите. ОТА беше формирана во ноември минатата година како независна агенција која го изведува техничкиот дел на следење на комуникациите,…
Врховниот суд одлучи дека Специјалното јавно обвинителство повеќе не смее да води истраги и да покренува обвиненија, затоа што поминал рокот од 18 месеци откако ги добиле прислушуваните разговори. Врховните судии одлучуваа по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов кои бараа од Судот да се произнесе до кога СЈО може да покренува истраги. „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од…
Македонија е рангирана на 93 место од вкупно 18о по Индексот на корупција во годишниот извештај на Транспаренси Интернешнал што беше објавен денеска. Ова место Македонија го дели со Косово. Монголија и Панама. Словенија е рангирана на 36 место, Хрватска на 60 место, а Црна Гора на 67 место, иако кај сите овие држави годинава е забележан пад на скалата во споредба со минатата година. За разлика од лани, Македонија има скок од 14 места и подобрување од два поени но и натаму е меѓу земјите кои се сметаат за држави со хибриден режим, односно држави во кои има елементи на…