Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Според Села срамно е што злосторниците ќе бидат ослободени, а оној што го спасувал во Собранието е во затвор.
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата на Комисијата за уставни прашања. Координаторот на пратеничката група Никола Мицески рече дека ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во расправата за усвојување на уставните измени. -ВМРО ДПМНЕ се за ЕУ и НАТО, но се против наметното решение за Северна Македонија, рече Мицески. Тој ја обвини власта дека бара алиби во ЕУ и НАТО и ги злоупотребува за да ја оправда својата погрешна политика. Дебатата во уставната комисија продолжи. Амандамните ги образложува министерот за надворешни работи Никола Димитров. За уставните амадамни да станат составен дел од Уставот треба да гласаат 80 пратеници.
Рамчиловиќ не прецизираше дали ќе се бара преквалификација на делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“, но го спомена делото „здружување заради непријателска дејност“.
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски, кој претседаваше со седницата на 27 април кога се случи насилниот упад кажа дека незнаел дека вечерта во Собранието има лица со маски, а за тепањето на пратениците и новинарите видел на телевизија. На прашањата од судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес за 27 април, Велјаноски потврди дека добил порака од пратеникот Крсто Мукоски но и дека не одговорил на пораката. Велјаноски беше повикан во Судот како сведок на неговото лично обезбедување Горан Ѓошески кој е сега обвинет. Адвокатката на Ѓошески, Ружица Николовска рече дека испитувањето на сведокот не било во духот…
Ниту сум помислил ниту сум кажал некому да ги отвори вратите во Собранието, одговори Трајко Вељаноски на денешното сведочење во Судот за настаните од 27 април, кога тој претседаваше со седницата. Вељаноски исто така рече и дека „е присутен како сведок и е под заклетва дека ќе ја зборува само вистината, а обвинетите можат да зборуваат и невистини“. Обвинетиот Никола Митревски Кољо го праша Вељаноски дали им дал наредба на пратениците да ги отворат вратите и, како што рече „да се направи хаос“. Кољо праша и дали давал наредби преку вибер комуникација. Вељановски одговори дека тоа се невистини и дека…
Обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, Јане Ченто и Игор Југ му поставуваа прашања на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски кој денеска сведочи за крвавиот четврток. Обвинетиот Јане Ченто го праша Вељаноски дали, ако не беа отворени вратите во Собранието, масата ќе можеше да влезе, но Вељаноски не даде конкретен одговор. Ченто праша и дали некој го известил Али Ахмети да замине од Собранието затоа што знаел дека нешто ќе се случува, Вељаноски кажа дека тој ден само Ахмети не бил во Собрание. Ченто исто така праша и дали виновник за она што се случувало на 27…
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на денешното рочиште, сведочи за настаните од 27 април. Тој рече дека бил „фрапиран од немилите настани“. По завршувањето на седницата на 27 април тој рече дека заминал во својот Кабинет каде што бил со сите вработени во Кабинетот, а имало и пратеници. Вељаноски од своето лично обезбедување, сега обвинет Горан Ѓошевски Леви побарал да ги заштити вработените од Кабинетот. Вељаноски кажа дека во холот пред Кабинетот на секои две до три минути одекнувале шок бомби, а демонстрантите се обиделе да влезат во Кабинетот. Во еден момент на Ѓошевски му се слошило, и дел…
Членовите на Оперативниот штаб кој бил формиран во МВР за да се следат протестите „За заедничка Македонија“ морале секоја наредба да ја проследат до раководителот на оперативниот штаб, рече на судењето за 27 април полицаецот Тони Алексовски кој бил член на овој штаб, на прашањето на обвинителката Вилма Русковска дали членовите на оперативниот штаб биле должни да постапат ако добијат наредба од министерот за внатрешни работи. Сведокот кажа и дека бројот на лица кои биле ангажирани во овој оперативен штаб се менувал како и командната одговорност . На почетокот на март златната команда ја презел Митко Чавков тогаш директор на…
Вангел Цоканчев кој бил возач на Митко Чавков на 27 април рече дека тој ден околу 18 часот од ресторанот ,,Скара бар“ во Скопје го возел Чавков до зградата на Технометал Вардар која се наоѓа зад трговскиот центар Палома Бјанка каде што Чавков, како што рече сведокот, имал приватни канцеларии. Александар Василевски Нинџа го праша сведокот дали во зградата во која се наоѓа Технометал Вардар има лифт кој излегува на плоштадот пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Сведокот потврди дека има лифт во зградата, но не знаеше да каже дали излегува пред „Белата палата“. Тој потврди дека на 27 април од…
Судијката што го води судењето за 27 април Добрила Кацарска го испрашува сведокот кој е повикан од Митко Чавков, Никола Димитриевски, кој во обезбедувал. Тој рече дека Чавков имал три канцеларии во Технометал Вардар, но дека не знае дали се на МВР. Кацарска праша во колку часот сведокот го слушнал Чавков дека дава наредби од канцеларијата на Технометал Вардар, а тој одговори околу 19 часот. Сведокот рече дека слушнал како Чавков зборува на телефон со Влатко кој бил командант на единицата за брзо распоредување и давал команди, но на прашањето на Кацарска, какви команди давал, сведокот рече дека не може…
Александар Василевски Нинџа го испрашува сведокот на Митко Чавков откако тој сведочеше дека Чавков во времето кое Нинџа го посочи во неговото сведочење, не бил во ВМРО ДПМНЕ, туку во канцеларија што ја имал во Технометал Вардар. Нинџа праша дали паркингот во Технометал Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ. Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг. Никола Димитриевски кој бил обезебедување на Чавков претходно кажа дека Чавков го оставиле во Технометал Вардар. На минатото рочиште Нинџа сведочеше дека Чавков по 18 часот го видел во штабот на ВМРО ДПМНЕ како телефонски разговара…
Во судот сведочи Никола Димитриевски кој бил обезбедување на Митко Чавков