Author: Соња Петрушевска

Азилот што го доби екс премиерот Никола Груевски му дава право слободно да се движи само на унгарска територија, но не и надвор од неа – објаснува професорката за човекови права Мирјана Најчевска. Доколку ја напушти Унгарија, ќе биде активирана меѓународната потерница  и тој ќе биде уапсен како што беше екс премиерот на Хрватска Санадер, кога замина во Австрија. „Тоа што му е даден азил, не го прави Груевски слободен човек. Сега во барањето за екстрадиција, Владата треба да ги оспори сите тие наводи затоа што му е даден азил од држава која има чудни разбирања за демократијата“ вели Мирјана…

Read More

Екс премиерот Никола Груевски од Албанија каде што влегол преку илегален премин, до неговата последна дестинација Бидимпешта постојано бил придружуван од унгарски дипломати. Според непотврдени информации, тој дури и една ноќ поминал во Амбасадата на Унгарија во Тирана. Ваквата улога на дипломатите кои му помагаат на осудено лице да бега од издржување на затворска казна за опозицијата во Унгарија е  скандалозна. Tие го обвинија  Орбан дека помага во „криумчарење и нелегален премин на лица“. „ Албанската полиција потврди дека осудениот политичар ја напуштил Алабнија со автомобил на унгарската Амабсада во Тирана. Владата на Орбан не само што не го брка…

Read More

Се прават обиди во текот на денот на Никола Груевски да му се достави решението од Кривичниот совет дека жалбите му се одбиени и дека треба да се пријави на издржување затворска казна во Шутка, велат од Судот за НОВА. Груевски и денеска не бил достапен да го прими решението. Дали и кога ќе биде побарано стражарно приведување на Груевски зависи од судијата за извршување на санкции, објаснуваат судски извори. Во меѓувреме, од затворот Шутка го известиле Судот дека поранешниот премиер Никола Груевски  не се појавил доброволно во законски предвидениот рок. Според законската процедура, МВР може да асистира само ако добие…

Read More

Кривичниот совет ги отфрли жалбите на адвокатите на Никола Груевски на жалбата што Груевски  лично ја поднесе за одложување на затворската казна. Во одлуката на Кривичниот совет пишува дека „по ценење на фактите и доказите во жалбите Кривичниот совет донесе решение со кое го одби жалбите и го п0тврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“. Ова значи дека во моментот кога ќе го добие решението од Кривичниот суд, Груевски треба да се пријави во затворот во Шутка. Груевски е осуден на двегодишна казна затвор…

Read More

Кривичниот совет заседава по жалбите на адвокатите на Никола Груевски и по жалбата што тој лично ја поднесе за одложување на затворската казна. Доколку Кривичниот совет ги одбие жалбите, Груевски нема веќе правни можности да го избегне заминувањето во затвор на издржување на затворската казна. Во одлуката ќе наведе и термин кога Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна. Целата оваа постапка, го одложи издржувањето на затворската казна. Според упатниот акт, Груевски вчера требаше да се пријави во Шутка на издржување на затворската казна од две години за случајот „Тенк“. Во меѓувреме Груевски се обидува да остане…

Read More

Пратениците не му го одзедоа пратеничкиот мандат на Никола Груевски. За одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, против беа 29. За да му се одземе пратеничкиот мандат требаше најмалку  80 пратеници да гласаат „за“. На денешната собраниска седница се гласаше без да има дискусија. Комисијата за мандатно имунитетни прашања пред два дена му препорача на Собранието да му го одеземе мандатот на Груевски, откако Судот достави допис до Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за „Тенк“. Пратениците од парламентарното мнозинство сметаа дека затворската казна на Груевски го прави недостоен за врешење на пратеничката функција. Против гласаа и…

Read More

Денеска истекува последниот рок до кога Груевски и неговите адвокати можеа да поднесат жалби по решението на судија за извршување на санкции со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна. Од Судот за НОВА Тв изјавија дека ќе се чека да пристигнат сите жалби пред да заседава Кривичниот совет. Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот попладнето ги испратиле жалбите до Судот преку пошта и тие стигнаа во Судот вчера. Но, според најавите од адвокатите Груевски и  сам ќе поднесе жалба, за што рокот истекува денеска. И тој има можност да ја испрати по пошта и…

Read More

Уставните измени ќе влезат на сила кога Грција ќе ја ратификува спогодбата во грчкиот Парламент и ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО, кажа премиерот Зоран Заев на стартот на дебатата за нацрт уставните амандмани на Комисијата за уставни прашања. Тој ги повика пратениците да се вклучат и да дадат поддршка за уставните измени. Заев ги образложи 4 нацрт амандмани за кои рече дека ,,се во согласност со меѓународното право и стандардите за човековите права и се во интерес на Македонија“. За промените во Преамбулата, Заев кажа дека ,,не се брише АСНОМ, туку останува да биде дел од политичката…

Read More

Никола Груевски дојде на Комисијата за уставни прашања каде почнува дебата за нацрт амандманите. На Комисијата присуствува и премиерот Заев кој ќе ги образложи нацрт амандманите што ги предложи Владата. Груевски завчера поднел жалба на одлуката на Кривичен со која му се одбива молбата за одложување на затворската казна и за жалбата Груевски лично се обратил до претседателот на Собранието Талат Џафери од кого побарал потврда дека тој е член на собраниската Комисија за уставни прашања. Спикерот Џафери денеска рече дека одговорил на барањето на Груевски и до пратеникот, како што велат собраниски извори, била испратена фотокопија од „Службен весник“ дека…

Read More