Author: Соња Петрушевска
Горан Мисовски пратеник од парламентарното мнозинство во реплика до Илија Димовски кажа дека има две опции: Едната е сите пратеници во Собранието да гласаат за уставните амандмани, а втората е да се одржат предвремени избори на кои според анкетите, како што рече тој, СДСМ е во водство. -Мицкоски сака избори за да ве смени Вас и да кандидира свои пратеници, кажа Мисовски во реплика до Димовски. Тој ги повика пратеници од опозицијата да гласаат за уставните измени. Илија Димовски во својот говор уште еднаш напомена дека Собранието нема легитимитет да носи одлука. -Прв проблем е моментот на преговори каде што немаше…
Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата. Премиерот Зоран Заев во говорот во Собранието понуди помирување за настаните од 27 април, за како што рече да се обединат двете страни, но директно не го спомена зборот амнестија. „Десната страна нека понуди рака на левата страна во Собранието. Дајте да се помириме за 27 април. Јас сум подготвен за ова да платам политичка цена. Нема иднина ако ние сами не си простиме. Оваа одлука…
Со 10 гласови за и 7 против, Комисијата за уставни прашања го усвои заклучокот Собранието да го поддржи предлогот на Владата за уставни измени и Собранието да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Со третиот заклучок, Собранието и наложи на Владата во рок од 15 дена да подготви нацрт текст на уставни амандмани. Собраниската седница е закажана за во понеделник и за да се усвои одлуката за пристапување кон измени на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство. „За“ гласаа пратениците од парламентарното мнозинство, а „против“ беа пратениците од опозицијата, членови на комисијата. Со тоа заврши дебатата за уставните измени…
Заврши дебатата за уставните измени во Комисијата за уставни прашања. Во реплика до пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија, премиерот Зоран Заев кажа дека ,,си играме играчки ако мислиме дека ќе има подобар договор“. -Со каква леснотија се откажуваме од европска перспектива на земјата за да не додадеме географска одрдедница на името – со оваа одредница имеод говорницата се обрати то Македонија останува и ова се прави само затоа што има делови на Македонија и во Грција и Бугарија, рече Заев. Заев истакна дека има околу 25 пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои се свесни и сакаат да понесат одговорност. Димитар…
Премиерот Зоран Заев ја повика опозицијата уште еднаш да размисли пред гласањето на собраниската седница која е закажана за понеделник. -Јасна е позицијата на опозицијата, вие сте против, но кажете како понатаму, кажа Заев. „Јасно е дека без опозицијата не можеме да го смениме Уставот, но има ли нешто што може да не сплоти, дали сите сме на ниво на историската одговорност“, додаде тој. Заев напомена исто така дека е јасно дека не се исполнети двата кумулативни услови на референдумот и затоа референдумот беше консултативен, а одговорноста е кај институциите. -На сите им е јасен правниот аспект, но кажете што…
Почна продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања на која присуствуваат и пратеници од ВМРО ДПМНЕ. Самка Ибраимовски од ПЦЕР кажа дека ќе гласа за промена на Уставот, не затоа што сака, туку затоа што тоа сака ромскиот народ да живее поубаво. До пратениците на ВМРО ДПМНЕ упати порака да не ставаат пречки на патот кон ЕУ и НАТО. -За првпат не канат во европскиот дом, и не треба да ја пропуштиме оваа шанса. На големите патриоти им порачувам какви се тие патриоти кога за Македонија „душа даваат“, а рака во буџет ставаат“, рече Ибраимовски. За референдумот рече дека…
Во моментов со Собранието трае паузата на седницата на Комисијата за уставни шрашања, а расправата за предлогот за уставни зимени ќе продолжи во 15 часот. Пред претседателот на Собранието Талат Џафери да ја прекине расправата, реплики меѓусебе си упатија пратениците до власта и опозицијата. Невенка Стаменковска од ВМРО ДПМНЕ рече дека пратениците од СДСМ „раскажуваат приказни за деца“. -Имате обврска како пратеници да го спроведувате Уставот и затоа барањето да се гласа за промена на името е барање со кое сами ќе си ја одредиме казната, рече Стаменковска. Таа го повотри ставот на нејзината партија дека Договорот е ништовен затоа…
Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а вие само продолжете со процесот – кажа пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајко Вељаноски на Комисијата за уставни прашања во Собранието на која се дебатира за уставните измени. „Мнозинската волја на народот која беше изразена преку неизлегување на референдумот е императив за секој пратеник. Немам мандат да го менувам Уставот, затоа што е спротивно на рефрендусмката одлука“, кажа Вељаноски по што следуваше аплауз од пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Претходно, Вељаноски наведе дека опозицијата, академската јавност и претседателот на државата биле исклучени од преговорите кои како национален интерес ги претставил како што рече „тесен…
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре закажа седница на Комисијата за уставни прашања на која ќе се отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени. Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи во понеделник. Од СДСМ денеска ги повикаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ да ги подржат уставните измени. „Предлог уставните измени се јавно објавени и се достапни до целата јавност. Секој граѓанин, секој пратеник може да ги погледне и да се увери во вистината. Со предлог измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период. Идентитетот,…
На вонредна седница, Владата го разгледа Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија и до Собранието достави „ Насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија“. „Сега сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните, да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор. Од денеска остварувањето на оваа визија е во рацете на секој пратеник одделно и таа зависи од нив“ рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во предлогот за измени на Уставот, предложени се…
Судечкиот совет го прифати предлогот на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и и изрече мерка на претпазливост на екс министерката, Гордана Јанкуловска, односно забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето. Оваа мерка значи дека Јанкуловска нема да може да го напушти Скопје. Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка. Одлуката на судот беше соопштена во отсуство на Јанкуловска и нејзините адвокати. Дополнителните мерки од Судот ги побара обвинителката Фатиме Фетаи по изрекувањето на пресудата. „Со денешната…
Наредната среда е последниот рок до кога ќе се знае дали парламентарното мнозинство успеало да обезбеди двотретинска подршка за уставните измени или ќе побара распуштање на Собранието и спроведување на идни вонредни избори. „Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, кажа Заев. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека за нив Договорот со Грција е политички мртов, затоа што референдумот бил со бројни нерегуларности…