Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Пратениците од власта и опозицијата кои се членови на собраниската комисија за одбрана и безбедност ќе предложат да биде усвоена декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО. На координативниот состанок на членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, кој се одржа денеска сите претставници на парламентарните групи дадоа согласност. „Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата на Собранието следниот вторник, на 17 јули, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за одбрана Хари Локвенец. „Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО…
Во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е истражна постапка за причините за смртта на 21 годишниот Никола Саздовски кој беше претепан на 29 јуни на автобуската станица во Автокоманда и за утврдување на одговорност на насилниците. Според информации на НОВА, во ОЈО е веќе предаден обдукцискиот протокол за починатото момче. Алсат ТВ објави дека во обдукцикиот наод пишувало дека Саздовски починал од повреди на мозокот. Од ОЈО за НОВА изјавија дека истражната постапка е во тек. „Се преземаат дејствија, а тоа значи прибирање на материјални и вербални докази. Потоа ќе следува анализа на сите прибрани докази и ќе се…
Изборот на членови на Државната изборна комисија е блокиран, а преговорите меѓу партиите се очекува да продолжат следната недела по Самитот на НАТО. Главната пречка за договорот за ДИК е „пржинската влада“ на која сега инсистира ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ се противи. Двата услови кои ги испорача опозицијата, пред да биде комплетиран новиот состав на комисијата која ќе треба да го спроведе и референдумот за Договорот со Грција, се прво, да бидат изгласани Законот за финансирање на партиите, но и Законот за Влада во кој би се вратил моделот на „пржинска влада“ пред одржување на парламентарните избори. За власта ваквото…
Пратениците по втор пат го Ратификуваа Договорот со Грција, откако Претседателот на државата одби да го потпише Указот за прогласување на Законот. „За“ Договорот гласаа 69 пратеници, а независниот пратеник Ферид Мухиќ гласаше воздржано. Тој рече дека му е чест што е дел од коалиција која почитува различно мислење, а главната критика ја упати до светската јавност и до политичарите кои го подржале барањето на Грција да се промени уставното име на земја која е членка на Обединетите Нации, што е во спротивност со Повелбата на ОН. https://www.youtube.com/watch?v=MhAHJsSVLdA Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров одговори на сите 5 точки…
Пратениците ќе можат да изберат дали ќе патуваат од местото на живеење до Собранието или ќе закупат стан во Скопје. За кирија за стан во Скопје ќе се плаќа најмногу до 300 евра месечно. Деталите за ваквиот предлог за кој се согласиле и пратениците од власта и од опозицијата треба да биде регулиран со посебна одлука со која ќе се потврди и висината на киријата. Со Законот за именувани функционери, владините министри имаат право на закуп на стан во Скопје до 400 евра месечно кирија, замениците министри до 300 евра, а директорите до 250 евра. Собраниски извори за НОВА ТВ…
Инвеститорот на објектот во општина Илинден каде што вчера се удави 13 годишно девојче немал дозвола за градба – изјави за НОВА ТВ градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски. Стојановски вели дека инспекторите од општината извршиле увид на местото каде што инвеститорот почнал подготвителни активности и утврдиле дека не се почитувани елементарните услови за градење. „Изразуваме сочуство за несреќниот случај. Како општина очекуваме од сите градежни фирми да ја знаат и почитуваат процедурата согласно Законот за градење и другите закони. Во овој случај инспекторите утврдија дека не се почитувале елементарните услови“ рече Стојановски за НОВА ТВ. Денеска инвеститорот со дрвени огради…
Екс градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е осомничен за проневера на пари за изградба на мостот „Око“ уплатил 437 000 евра на сметка на општината. Тој заедно со уште двајца – поранешен секретар во општина Центар и вработен во Секторот за уредување на градежно земјиште добија кривични пријава за злоупотреба на општинските пари. Во текот на постапката, која ја водеше Финансиката полицијата, пријавените се согласиле да ја надоместат штетата и на 30 јуни 2018 година тие веќе ги вратиле парите на сметка на општината. Ова не значи дека постапката против осомничените ќе запре, рече директорот на Финансиската полиција…
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ за проневера на 436.000 евра за изградба на мостот „Око“. Како што беше соопштено на денешната прес конференција, освен него кривични пријави се поднесени и за други двајца вработени во општината. „По извршените разговори со тројцата осомничени тие се согласија да ги вратат парите кои веќе се уплатени на сметката на општина Центар. Но ова не значи дека постапката против осомничените ќе биде запрена“, појасни директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми. Тројцата се осомничени за „Несовесно вршење на службената должност“ затоа што, како што објасни Муареми „не…
Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, по што ќе почне процесот на ратификување на протоколите за пристапување, а претставници од земјава ќе присуствуваат на сите состаноци на Алијансата, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Свечената церемонија на која на Македонија ќе и биде врачена поканата за членство ќе се одржи во Брисел на Самитот закажан за 11 и 12 јули. „Со влезот во овој најмоќен сојуз, Македонија добива безбедна иднина и сигурен економски развој“ рече Шеќеринска. Во пресрет на поканата за влез во НАТО, Владата на денешната седница го усвоила Стратегискиот одбранбен…
Големата рација на вооружени специјалци кои асистираа на контролите на УЈП и Пазарната инспекција во повеќе ноќни клубови низ Скопје, а која на социјалните мрежи предизвика негодување поради бруталноста на полицајците кои биле вооружени со автоматски пушки, го актуелизира прашањето околу цивилната контрола врз полицијата. Овој механизам требаше да гарантира заштита на човековите права но и брзи санкции за полицајците кои ги пречекориле своите овластувања. Премиерот Заев и министерот за внатрешни, Спасовски, ја одбранија акцијата на МВР- говорејќи дека МВР има обврска да ги заштити граѓаните и дека полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека денешната порака од Брисел дека Македонија ќе добие покана од НАТО за членство на Самитот во јули е најважната вест што земјава ја добила во изминатите три децении од независноста. Сега, вели Џафери треба да се спроведе спогодбата со Грција според предвидената динамика – референдум, па уставни измени. https://www.youtube.com/watch?v=bOyP2B-F8FQ За препораката на Европскиот совет за отпочнување на преговори во јуни наредната година, Џафери вели дека до тогаш ќе треба да се формираат тимовите што ќе ги водат преговорите и да започне скриниг процесот за усогласеноста на македонското законодавство со европското. Лошата пракса на…
-Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби.Според Груби, Иванов ги предводи малкумината кои се против евроатлантската интеграција на земјата. Груби исто така кажа и дека предлогот за импичмент за Иванов е подготвен, но се чека „вистинскиот момент“ да го достават до Собранието. Тој додаде дека се консултираат со повеќе правни и уставни експерти за да се избегне блокадата на Иванов,…