Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивилната контрола врз полицијата – се уште само заложба на Владата

0
By Соња Петрушевска on July 2, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 2, 2018 18:07

Големата рација на вооружени специјалци кои асистираа на контролите  на УЈП и Пазарната инспекција во повеќе ноќни клубови низ Скопје, а која на социјалните мрежи предизвика негодување поради бруталноста на  полицајците кои биле вооружени со автоматски пушки, го актуелизира прашањето околу цивилната контрола врз полицијата. Овој механизам требаше да гарантира  заштита на човековите права но и брзи санкции за полицајците кои ги пречекориле своите овластувања.

Ноќен клуб „Сектор 909“

Премиерот Заев и министерот за внатрешни, Спасовски,  ја одбранија акцијата на МВР- говорејќи дека МВР има обврска да ги заштити граѓаните и дека полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата.  ОД МВР за НОВА ТВ исто така рекоа дека „од страна на  полициските службеници во конкретниот случај е постапено согласно законските прописи на Министерството за внатрешни работи. Напоменуваме дека досега во врска со овој настан до Одделот нема доставено претставка од граѓани за незаконско или непрофесионално постапување на полициски службеници“пишува во одговорот од МВР во врска со акцијата по дискотеките.

Сепак, останува клучната забелешка дека не постои цивилна контрола за полициските пречекорувања која би требала да даде  независна оценка за вакви и слични ситуации.

Владата во својата програма се обврза дека „без одлагања“ ќе ги спроведе препораките на Прибе за независна истрага при евентуалното кршење на човековите права.

„Ќе ја зајакнемe парламентарната контрола ќе формираме полициски омбдусман, со надлежност да спроведува независна истрага за евентуалните пречекорувања на полициските овластувања и кршење на човековите слободи и права. Препораките од „Извештајот на Прибе“ ќе ги спроведеме целосно и без одлагање“ пишува во програмата на Владата.

Но пред да профункционира овој систем во реалноста ќе поминат уште најмалку неколку месеци додека се комплетира тимот кои ќе ја контролира полицијата, но и да се усвојат измените на Законот за обвинителство со кои треба да се формира посебно одделение во Јавното обвинителство за случаи на полициска бруталност.

Во февруари годинава во Собранието беа донесени измените на Законот за народен правобранител со кои оваа институција доби зголемени надлежности во постапките во кои има полициски пречекорувања на надлежностите и подршка на жртвите  пред судовите и Обвинителството кога поради полициска бруталност настапила смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда, противправно лишување од слобода и друго сурово постапување.

За оваа цел во канцелариите на Народниот правобранител требаше да се формира посебно одделение во кое ќе се вработат и тројца членови на граѓански организации. Но, одделението се уште не функционира, зашто во  јули истекува рокот до кога Собранието треба да објави оглас на кој ќе се изберат три граѓански организации кои се занимаваат со човекови права, заштита од полициска бруталност и правосудство и кои ќе треба да номинираат по еден свој член.

Освен ова, не се усвоени ниту измените на Законот за Јавно обвинителство со кој се предвидува да се формира посебен оддел во Обвинителството кој ќе одлучува по претставки за полициски повреди на човековите права и злоупотреба на овластувањата. Овие измени досега требаше да бидат усвоени за целиот механизам за заштита да профункционира до септемеври, бидејќи без судска разрешница, нема сатисфикација за жртвите и казна за извршителите.

И покрај јасно декларираната волја од сите политички партии дека подржуваат поголема контрола врз работата на полицијата и формирање на ваков оддел во Обвинителството, не  е јасно зошто измените сеуште не се изгласани. Измените се доставени од Министерството за правда до Собранието, но не се усвоени.

Од канцеларијата на Народниот правобранител за НОВА ТВ изјавија дека иако тимот за граѓанска контрола врз полицијата не е комплетно формиран, тие ќе постапат самоиницијативно за последната полициската рација во дискотеките.

„Чекавме претставка, но бидејќи не е поднесена се договоривме самоиницијативно да постапуваме по овој настан со оглед дека се работи за поголема група за кои има наводи дека им се повредени правата“ рече Сузана Салиу заменик Народен правобранител за случаи поврзани со полициско постапување. Салуи вели дека за целата постапка ќе побраат дополнителни информации од Кабинетот на Министерот за внатрешни работи Спасовски и од Владата.

Фото:Нико Аго

Барањето да се воведе цивилна или граѓанска контрола врз постапувањето од страна на полицијата беше иницирано за време на првите протести организирани по смртта на Мартин Нешковски, кој беше убиен од страна на полициски службеник а врвот на МВР се обиде да го прикрие. Нерешени и без одговорност останаа и случаите на претепување на студенти кои беа брутално влечени од градската библиотека, токму на овие протести против полициската бруталност.  Тогашната опозиција отворено ги подржуваше барањата за надворешна контрола врз работата на полицијата но и за брзи и ефикасни санкции кои ќе треба да донесат правда за жртвите. Една година по формирањето на Владата, механизмот за граѓанска контрола врз полицијата се уште останува заложба.

Од почетокот на годинава, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, постапувал по 22 поднесоци во случаи кога полициски службеници употребиле физичка сила врз граѓани, но нема информации што било преземено против овие полицајци. 

 

бруталност жртви МВР Народен правобранител полиција цивилна контрола човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.