Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Земјата мора да покаже сериозна политичка волја дека сака да се справи со корупцијата која е присутна во многу области, а има само мал број на судски пресуди поврзани со високата корупција, нотира Европската комисија во Извештајот за Македонија. Комисија бара од властите да покажат дека институциите кои се надлежни за борба против корупцијата ќе бидат автономни во своето одлучување, ке ги имаат потребните ресурси и кадар да водат случаи поврзани со високата корупција и организираниот криминал. Слаѓана Тасева од “ Транспаренси Интернешнл“ констатира дека Извештајот во делот за борба против корупцијата не е добар. „Извештајот само покажува дека ништо…
Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести, по последната сообраќајна несреќа која се случи вчера, а во која беше повредено десетгодишно дете. Детето има тешки телесни повреди, но е во добра здравствена состојба. „10 годишно дете е тешко повредено поради неприлагодена брзина. Затоа повикуваме на мирен протест пред школото Мирче Ацев од 18:00. Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот!“, пишува во повикот за протест, организиран од жители на Општина Ѓорче Петров. Тие бараат да се постави сигнализација долж целата улица и да се зголеми присуството на…
Ненаменско трошење на пари од кредит во висина од 2,6 милиони евра и трансфери на средства до спортски клубови, здруженија на граѓани, поединци или правни лица за кои нема финансиски извештаи како биле трошени во времето на времето на владеењето на Стевче Јакимовски со Општина Карпош – утврдил Државниот ревизор при контрола на финансиското работење на Општина Карпош. Дел од Извештајот, кој се уште не е објавен на интернет страницата на Државниот завод за ревизија, го претстави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Извештајот се однесува за 2016 година, кога со општината раководел поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. „Државниот завод…
Оваа е најнеспособната влада и таа треба што поскоро да биде минато – кажа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од Собранието каде на дневен ред е интерпелацијата на Владата. „Вашата парола беше „Ќе дојде живот“. Животот дојде, но само за владините и партиските функционери на СДСМ и на ДУИ“ рече Данев. Данев го критикуваше парламентарното мнозинство дека кога го носеле Законот за јазици го прекршиле Деловникот, Законот и Уставот. За планот 3-6-9, тој оцени дека доживува целосен колапс, бидејќи ниту 50 проценти од овој план не се остварени. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ исто така ја…
Владата ги осуди говорот на омраза и навредите кои беа упатени на синоќешниот протест организиран од партијата „Единствена Македонија“ пред Руската амбасада за подршка на протераниот дипломат, а на кој се обрати и рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак. „Правото на протест е неприкосновено право на граѓаните на Република Македонија се додека не е загрозена јавната безбедност. Но, говорот на омраза и навредите се неприфатливи и се за секоја осуда, како и поддршката за истите“, пишува во одговорот од Владата испратен до редакцијата на НОВА. Во одговорот, исто така се посочува дека Македонија негува пријателски односи со Русија и верува…
Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите изјави дека нема да се потпише на указот за прогласување на Законот за јазици наместо шефот на државата. „Нема да ставам потпис на друго име“, рече Џафери. А на прашањето дали може указот да се објави во Службен весник само со негов потписи, Џафери одговори „да видиме што ќе каже демократијата“. Според собранискиот спикер, во оваа фаза нема рокови до кога указот на Законот може да биде потпишан и објавен. Решението најверојатно нема да биде донесено во брзо време, бидејќи “нема потреба од дополнителни тензии“, вели тој. Претседателот Иванов има уставна…
Најголем број од административците кои биле вработени од 2008 до 2015 година од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и кои не доаѓале на работа, а земале плата, ќе добијат понуда да се вработат во Министерството за внатрешни работи каде што се планирани да заминат 50 лица. 39 лица ќе добијат шанса да работат во Управата за јавни приходи, 30 во Царината, во Клиничката болница во Тетово 28, во Управата за водење на матични книги и во Јaвното обвинителство по 26 лица. Во Министерството за надворешни работи ќе бидат вработени 19, во Министерството за образование 17, во Министерството за финансии…
Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратеничката група до крајот на оваа недела ќе одлучат дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собранието, по одлуката на Врховниот суд со која повеќе ниту еден пратеник не е во затворски притвор, велат од ВМРО ДПМНЕ за НОВА. Врховниот суд вчера ја прифати жалбата на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и им го замени затворскиот притвор со куќен. Исто така Врховниот суд ја прифати и жалбата на пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски кои беа во домашен притвор. Притворот им е укинат и за нив се определени мерки на претпазливост…
Правилникот за угостителски трошоци му дава одврзани раце на министерот за економија за тоа колку пари ќе потроши за услуги во ресторани или во бифеа. Правилникот е донесен лани, во август, само два месеци откако на чело на министерството застанува Бектеши. Според Правилникот што го објавува НОВА, освен министерот, право на угостителски услуги на товар на Буџетот имаат и заменик-министерот, државниот секретар, државниот советник, раководителот на сектор, помошник раководителот на сектор, раководителот на одделение, вработени лица кои се избрани за членови на комисии и лицата ангажирани за обезбедување на министерот, на заменик-министерот и на државниот секретар. Министерот за економија Крешник…
Владата во првите шест месеци од своето владеење потрошила 21 милион денари или повеќе од 344. 000 евра. Оваа сума, според министерот без ресор, Роберт Поповски, е двојно помала од парите што ги потрошила владата на Груевски во висина од речиси 700 илјади евра. Министрите во новиот кабинет предводен од Заев, најмногу пари потрошиле во ресторани или во мензи што се сместени во институциите каде што работат. Според податоците на владиниот сајт http://vlada.mk/otchetnost-troshoci, највисоки трошоци во првите шест месеци пријавил премиерот Зоран Заев, во висина од 50 илјади евра. Половина од нив или 25 илјади евра се трошоци направени во…
Законот за употреба на јазиците е формално–правно блокиран по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпише указот за негово прогласување, иако, според Уставот тој е должен да го стори тоа. На тоа го обврзува членот 75 од Уставот во кој пишува: „Законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го…
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре ќе ја закаже седницата за Законот за јазици, со почеток во 13 часот. Џафери, ова го најавил на денешната координација во Собранието, на која не соопштил како ќе ја води седницата и дали ќе ги стави амандманите на гласање. Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери утре да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд.…