Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
За тоа дали може да потврди дали е нејзин гласот на објавените снимки , Јанева кажа дека тоа е дел од истрагата што е во тек и не може да открива детали, но дека се надева оти ќе има судење на кое ќе се расчисти случајот
Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец веќе два часа е на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тој околу 12 часот од затворот Шутка е донесен во обвинителството. Милески се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме во Обвинителството за организиран криминал на распит беше повикана и пенизонерката Лилјана Тодоровски која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица. Парите биле исплатени по договорот што го потпишале Меѓународниот сојуз и компанијата на Силјан Мицковски, ГП „Пелистер“, но таа тврдеше дека парите веднаш и ги зела жена од Меѓународниот…
Обвиненијата за кои се водат судски процеси, а се покренати од Специјалното јавно обвинителство нема да пропаднат, без разлика на судбината на Катица Јанева. Наталија Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ за НОВА коментира дека е нон сенс да се помисли дека постапките за предметите ќе запрат ако Јанева повеќе не е шеф на СЈО. „Катица Јанева е законски застапник на Специјалното обвинителство и таа си има свои заменици во секакви случаи . И ако е болна и ако е во неможност да ја врши својата работа има кој да ја замени. Судбината на ниту еден предмет не е…
Мојот исказ во Обвинителството за организиран криминал ќе даде придонес во делот на настаните поврзани со Поштенска Банка – рече обвинителот на СЈО Бурим Рустеми кој денеска беше повикан како сведок да даде исказ за случајот „Рекет“. На новинарско прашање дали бил прашан и за станот на осомничен во Поштенска банка кој бил изземен од замрзнување по наредба на Јанева, а потоа продаден на ексдиректорот на МЕПСО Сашо Василевски, Рустеми рече дека одговорил на сите прашања што му ги поставил обвинителот. Рустеми беше повикан во Обвинителството откако обвинителката Лиле Стефанова објави дека Јанева на 16 април годинава ги повикала двајцата…
Атмосферата во СЈО која изминативе денови била тензична кулуминирала денеска кога шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева наредила обвинителите да бидат проверувани кога влегуваат и излегуваат од зградата на Специјалното јавно обвинителство. Наредбата од Јанева за проверка на личните работи на обвинителите стигнала непосредно откако во СЈО била доставена поканата од Обвинителството за организиран криминал до Јанева да даде исказ за „Рекет“ велат обвинители од СЈО за НОВА. „Примањето на поканата си го направи своето и Јанева си дозволи да нареди сите обвинители да бидат претресувани на влез во СЈО“ коментираше за НОВА обвинител во СЈО. Обвинителката Фатиме Фетаи,…
Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска е сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а во врска со истрагата за „Рекет“, дознава НОВА. Таа крaтко се зaдржала во Обвинителството, но детали зошто била повикана не се соопштуваат. Утре исказ ќе даде обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Претходно искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од Основното јавно обвинителство за гонење…
Врховниот суд го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Томор Mорина во Србија. Министерството за правда на Србија бараше тој да биде екстардиран врз основа на распишана потерница од Интерпол поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Воени злосторства против цивилно население“. Во образложението на решението е наведено дека лицето Морина чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не државјанин на Србија која бара екстрадиција додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено…
Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова по 5 часа колку што даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал кажа дека „се што знаеле кажала пред обвинителката“. „Сосема сум свесна за огромниот интерес што го има јавноста за истрагата „Рекет“ и сите допирни точки на истрагата „Рекет со истрагата „Империја“ во која јас сум предметен јавен обвинител, а сведокот во истрагата „Рекет“ е првоосомничен во истрагата „Империја“. Но, се што можам да споделам го споделив во соопштението во петокот. Овде дојдов во својство на сведок – 5 часа давав исказ како сведок. Се што ми е познато го изнесов пред надлежниот обвинител“…
Два часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова за случајот „Рекет“ во Обвнителството за организаран криминал. Од Обвинителството не сооштуваат кога може да се очекува да заврши давањето исказ. Новинарите од 9.30 часот се пред зградата на обвинителството кога и почна распитот, но обвинителката влезе од службениот влез и не даде изјава. Обвинителката Лиле Стефанова денеска е повикана во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за случајот „Рекет“, во кој Бојан Јовановски и Зоран Милески се осомничени за тргување со влијание. Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден…
Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски спротивно на законите земал плата и од Ректоратот и од Клиниката за дигестивна хирургија каде е професор и хирург – утврди Антикорупциската комисија. Јанкуловски кој е избран за ректор во 2016 година, не го ставил во мирување своето работно место на Клиниката за дигестивна хирургија иако тоа морал да го стори според Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита. Во овие два закони, пишува дека „доколку вработено лице биде именувано на друга функција, своето работно место да го стави во мирување“ рече Салаи Шемши – член на Антикорупциската комисија…
Адвокатот Петар Василев кој ги застапува дел од обвинетите во ,,Титаник“ побара денеска да се одложи судењето поради како што рече ,, новонастанатата ситуација“. -Сите обвинети се во судница и нивните адвокати се овде, што е доказ дека не сакаме да се одолговлекува судењето, но барме денеска да се одложи додека не се расчисти новиот случај, рече Василев. Судијата Осман Шабани не го прифати барањето. -Има Обвинителство кое го води тој случај и ние немаме правна основа да го прекинеме судењето, рече Шабани. Тој напомена дека иако обвинението е покренато од СЈО, а шефицата Катица Јанева поднесе оставка, повлекувањето на…
Објавената снимка на која се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески земаат пари од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, не може да ја попречи истрагата, вели адвокатот Звонко Давидовиќ за НОВА, но испраќа сигнал до Обвинителството дека случајот што побрзо треба да биде расчистен. „Ако видео снимката е дел од ПИ мерките, тогаш лицето кое ја објавило треба да понесе кривична одговорност. Но без разлика дали видеото е од камерите во куќата на Камчев или е се од истрагата, ако материјалот не е сечен и монтиран, содржината на разговорот треба да биде предмет на истрага“, рече адвокатот Давидовиќ. За Давидовиќ…