Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето на новинарката Соња Колевска-Делевска во полициска станица за објавен текст формирало Министерството за правда. „Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сè што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи сè за да ја заштити слободата на изразување и говор, која е неприкосновено право во секое демократско општество”, се вели во соопштение што го објави порталот СДК. Во однос на наводите на адвокатка дека ѝ бил побаран поткуп од…
Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде утрово потпиша барање за членство на земјата во НАТО. Ова е официјален чекор на Стокхолм на приклучување кон воениот сојуз по децении воена неутралност. Тоа на Твитер го објави претставништвото на земјата во Алијансата. – Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО – рече Линде. Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно изјави дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска…
Кристијан Трајковски, магистер по меѓународен менаџмент кој е еден од кандидатите за лидерската позиција на НСДП, избор кој треба да се случи на 4 јуни, откако Тито Петковски, ветеранот во политиката најави дека оди на заслужен одмор, денеска ја официјализира својата кандидатура. Трајковски е и актуелен директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Тој на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните и на своите сопартијци дека е време за прогресивна, обединета и гласна НСДП, која ќе биде сериозна лева опција на политичката сцена и ќе дејствува како строг чувар на социјалдемократските и човечките вредности, без…
Актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески,Татјана Васиќ, државен советник во Министерството за правда и Фатмир Скендер, актуелен судија и поранешен секретар на општина Центар Жупа, како што дознаваме неофицијално ќе бидат предложени од СДСМ за членови на Уставен суд на денешната седница на Комисијата за избори и именување. ВМРО – ДПМНЕ има шест предлози, професорите Саво Климовски, Родна Живковска, потоа Бранко Секулоски, поранешен судија и претседател на Основниот суд во Гостивар, Весна Јовановска, судијка во Управен суд и Тодор Витларов, обвинител од Штип. Уставниот суд со месеци е блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска неколку пати апелираше…
Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Петковски вели дека постапката на…
Поранешниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, против кого има анонимна пријава во Државната комисија за спречување на корупцијата во изјава за Нова вели дека ниту склучил договор со издавачката куќа „Три“ додека беше прв човек во Фондот, ниту било кога додека ја извршувал својата функција донел одлука за финасиска поддршка на проект од оваа издавачка куќа. Според пријавата што била доставена до антикорупционерите наводно станува збор за конфликт на интереси затоа што на издавачката куќа „Три“ и биле одобрени пари за проект, а дека токму оваа фирма ги издавала и книгите на Петров, како што …
Државјаните на Србија, Албанија и Македонија летово ќе можат да се вработат во некоја од овие земјите членки на иницијативата „Отворен Балкан“ затоа што ќе се укинат сите административни бариери и ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на трудот. Ова е резултат на договорите што ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев уште кон крајот на декември во Тирана за единствена работна дозвола за сите три земји, а кои предвидуваат заинтересираните граѓани со добивање идентификациски број, без какви било дополнителни процедури да дојдат до работно место.До каде е оваа постапка за вработување без бариери и кога ќе…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сè уште не донеле конечна одлука дали утре ќе присуствуваат на средбата во Маврово на која се очекува да биде отворено прашањето за измени во собранискиот Деловник, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на опозициската партија. Таа одлука, како што ни изјави Мицевски, пратениците ќе ја донесат попладнево. На нашето прашање дали, ако сепак одлуката биде да не ја прифатат поканата на собранискиот претседател Талат Џафери, владејачкото мнозинство ќе се договори за измени во одредбите на Деловникот со кој се уредуваат организацијата и функционирањето на парламентот и на работните тела на Собранието и во отсуство на…
Горан Мисовски, потпретседател на Собранието ги повикува пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на средба викендов во Маврово на која, како што изјави за Нова, се очекува да дојдат до консензус за измени во Деловникот за кои пратениците имаат забелешки, а за да се подобри ефикасноста на Собранието. Тој вели дека одлуката на опозицијата за блокада на Собранието не е во контекст на она за што претходно се договориле како ќе функционира законодавниот дом. – Очигледно е дека не постоела координација помеѓу пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со раководството на партијата. Опозицијата има право да предлага материјали до претседателот на Собранието согласно Уставот…
Овој судски процес има една единствена цел, да придонесе кон збогатување на оштетениот Фијат Цаноски и да резултира со оштета од буџетот на државата, изјави поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет во случајот „ТНТ”, процес кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“, сопственост на бизнисменот Цаноски. – На средба со инвеститорот на објектот „Космос” Фијат Цаноски, тој не негира дека гради нелегално. Јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели…
Жал ми е што оваа голема трагедија се користи во политички цели. Обвинителството од почетокот презеде сè и одговорно пристапи. Очекувам за многу брзо Обвинителството во Тетово да се изјасни за случајот со трагедијата во тетовската модуларна болница, одговори јавниот обвинител Љубомир Јовески на пратеничко прашање од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Ако ние, како што беше поставено прашањето, сакаме да го забошотиме овој случај, немаше уште вечерта на помош на Обвинителството од Тетово да им ставиме на располагање двајца дежурни обвинители од Скопје и сите ресурси со кои располага ЈО. Дека Обвинителството постапува објективно зборува и фактот што се побара меѓународна…
Суровото масло од Бугарија и Романија го поскапе и „Брилијант“, инспекторите од утре по продавниците
Државниот пазарен инспекторат во рамки на своите редовни контроли од утре ќе прави проверка на новата цена на маслото за јадење, откако денеска поскапе и „Брилијантот“. Едно шише сега се продава за 135 денари. Анета Димовска Симеска, директорката на Државниот пазарен инспекторат за Нова објаснува дека во продавниците може да се најде и масло за јадење од ист производител со различни цени, а тоа е така затоа што цената била креирана во зависност од тоа кога била реализирана набавката. Токму на тоа од утре пазарните инспектори ќе го насочат своето внимание на приемните листови на набавките и ќе проверуваат дали…