Author: НОВА ТВ Terziova

Судот во грчкиот град Ламиа денеска донесе одлука да биде ослободен полицаецот Епаминондас Корконеас, кој во декември 2008 година во центарот на Атина со службеното оружје смртно го застрела тогаш 15-годишниот Алексис Григоропоулос, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката била донесена со четири гласа за и три против барањето да се земе предвид ублажување на казната поради доброто поведение на осудениот во изминатите години. Адвокатката на семејството на убиеното момче соопшти дека в петок ќе достават барање до Врховниот суд, не само за укинување на одлуката, туку и спроведување дисциплинска контрола на инволвираните и дали имало влијание врз судиите…

Read More

Бугарија протерува 70 руски дипломати кои работеле против интересите на земјата, изјави за новинарите премиерот во оставка Кирил Петков. „Нашите служби ги идентификуваа како луѓе главно поврзани со нивните служби и работеа против интересите на нашата земја. Сакам да им честитам на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршија работата. Сакам да им порачам на сите странски земји, не само во Русија – дека секој што работи против интересите на Бугарија ќе бидат повикани и отповикани да се вратат во земјата“, рече тој. Сите тие се дел од руската амбасада, рече Петков, а многумина од…

Read More

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на февруари 2022 година, пријавениот, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари.

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше свое обраќање во воведниот дел на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет –Македонија и ЕУ . Маричиќ денеска имаше свое обраќање во воведниот дел на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет –Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), посочи дека сега е најважно да се потврдат европските вредности, да се валоризира она што досега сме го сработиле, и земјите членки да го завршат нашиот осумнаесет годишен маратон за старт на преговорите. – Не како подарок, туку како заслужено достигнување на сите генерации кои го вложија своето…

Read More

Огромен број на кавадарчани денес во општинската зграда трпеливо чекаа ред, да им биде земен брис, со цел да се најде компатибилен донатор на коскена срцевина за нивниот сограѓанин Марко Ташев. „Денес кавадарчани по кој знае кој пат ја покажаа својата хуманост. Трпеливо чекајќи на ред и надевајќи се дека токму еден од нив ќе биде компатибилен донатор на коскена срцевина за Марко Ташев, кој боледува од имунолошка болест, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил. Марко е на возраст од една година, и бидејќи никој од семејството не бил соодветен донор, родителите апелираа до јавноста…

Read More

Пратеникот и поранешен министер Павле Трајанов во изјава за „Слободен печат“, коментирајќи го вчерашниот настан во Собранието, вели дека во законодавниот дом кружи многу алкохол и тоа меѓу другото има влијание кон вкупната атмосфера и однесување на дел од пратениците. – Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навредби девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминацијта од едните кон другте. Недостасува нивото на комуникацијата и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари па дури по некогаш и физички пресметки. Достапноста на алкохолот…

Read More

Драма во градот Охрид. Видеото е од претходните години но со оглед на случувањата на соседните плажи во земјата и регионот се уште е актуелно. Имено автомобил марка Тојота Јарис на една од охридските плажи заврши во езерото поради невнимание на возачот. Автомобилот потоа со багер беше извлекуван од езерото на плажата. https://www.youtube.com/watch?v=1VX_ArU5otk Пред неколку дена автомобил со скопски регистарски таблички падна во море во Неа Каликратија, Грција. На социјалните мрежи се споделуваа фотографии од него, кој за среќа бил празен. Во несреќата немаше повредени. https://novatv.mk/avtomobil-so-skopski-tablichki-zavrshi-vo-egejskoto-more/

Read More

Kомисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Министерот за здравство Беким Сали вели дека состанокот се свикува по пауза од два месецa, со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус. „Во Европа веќе почна да се зголемува бројот на новозаразени од ковид-19, и кај нас забележуваме благ пораст на нови случаи. Комисијата за заразни болести има закажано состанок за предвремена анализа, можеби сè уште не е време, односно не е алармантно, но за утре е закажана првата седница по пауза од два месеца,…

Read More

Најбогатиот граѓанин на Украина, Ринат Ахметов, денеска поднесе тужба против Русија пред Европскиот суд за човекови права, барајќи компензација за загубите во бизнисот од милијарди долари од почетокот на рускиот напад врз Украина. Ахметов е сопственик на железарата Азовстал во Мариупол, која беше изложена на руското бомбардирање и ја обвини Москва за „сериозно кршење на неговите имотни права“. Во исто време, Ахметов побара од судот „да ја спречи Русија да блокира, ограбува и уништува жито и челик“ произведени во неговите компании. „Злото не може да остане неказнето. „Злосторствата на Русија против Украина и нашиот народ се нечуени и виновниците мора…

Read More

Комесарот со портфељ за проширување, Оливер Вархеји ја измести рамката на процесот на проширувањето, една од политиките на ЕУ која самата Унија ја вреднува како стратешки значајна. Во неговиот последен твит напиша дека нема повеќе пречки за старт на преговори за Македонија. Тоа е точно така затоа што самата ЕК, чиј дел е Вархеји, веќе години наназад препорачува старт на преговори токму поради тоа што нема никакви пречки во однос на напредокот на државата на планот на деократијата, човековите права, слободниот пазар и другите важни критериуми за интеграција во ЕУ. Пречката која се појави е бугарското вето и барањето на…

Read More

Канадскиот премиер Џастин Трудо предупреди дека одлуката на Врховниот суд на САД да го поништи уставното право на абортус може да доведе до губење на други права и нагласи дека неговата земја ќе продолжи да им дозволува на американските жени да абортираат во Канада. Трудо одлуката на судот ја нарече страшна и изрази загриженост дека пресудата еден ден може да дозволи укинување на правната заштита за хомосексуалните односи, вклучително и правото на истополовите парови да стапуваат во брак, пренесува Вашингтон пост. „Знаеме дека ова е крајно застрашувачки и обесхрабрувачки период за толку многу жени. Жените со генерации се бореа за…

Read More

„Не може во ваква држава која е „максимално политизарана, во која политичките партии ги носат законите“, да се бара деполитизација и проблемот со оценување на продуктивноста на вработените, изјави Трпе Деаноски од Синдикатот на УПОЗ во емисијата „Топ тема“. „Премала држава сме. Дали сме скарани вработените со раководителите, политички, национално фамилијарно, се одразува врз вработените. Ние имаме голем град како Скопје, каде што Агенција за вработување има само два шалтери за 600.000 луѓе, УВМК нема нов систем на работа 100 години наназад, Фонд за здравствено осигурување работи си стари компјутери 30 години. Ние бараме модерни услуги, дигитализација, а бараме нови…

Read More