Author: НОВА ТВ Terziova

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги блокира Финска и Шведска да влезат во НАТО, следеше реакција од Белата куќа. – Вашингтон работи на „разјаснување на позицијата на Турција“ откако претседателот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги блокира Финска и Шведска да влезат во НАТО, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Идниот пристап на двете земји во Алијансата „доби широка поддршка“ од другите земји-членки, додаде таа. Турскиот претседател Ердоган рече дека ставот на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО „не е позитивен“, сугерирајќи дека Турција може да стави вето на…

Read More

Силен дожд наврна во Загреб и околината, дувал силен ветер и се слушнале силни грмежи, пишува 24сата.хр. Невремето им создало проблеми на возачите на автопатот кон Босиљево. Паѓал мраз со големина на орев, додека сообраќајот се одвивал отежнато. Граѓаните биле вознемирени од силните грмежи, но и од дождот кој предизвикал порои. Силен дожд наврнал и Западно од Загреб. Видеото може да го погледнете тука.

Read More

Извозот на струја од Русија во Финска ќе биде прекинат вечерва од 1 часот по руско време. Финскиот оператор Фингрид соопшти дека руската компанија Интер РАО го прекинува снабдувањето поради „проблеми со примање плаќања за електрична енергија што се продава на пазарот“. Овој потег стапува на сила еден ден откако Финска ја сигнализираше својата намера да се приклучи на НАТО. Финска купува само 10 отсто од електричната енергија од Русија, а според Фингрид, дефицитот ќе го надополни со набавка на повеќе енергија од Шведска и зголемување на производството во Финска. Финска очекува да стане независна во однос на електричната енергија…

Read More

Шисимарин, кој се наоѓа во украински притвор, е обвинет дека пукал во глава на невооружен маж (62) додека возел велосипед и зборувал на телефон преку отворен прозорец на автомобилот, откако му било наредено „да убие цивил за да не да им го пријави на украинските бранители“. Вадим Шисимарин, 21-годишен руски командант на тенковската дивизија на Кантемировскаја, е првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства, пишува Гардијан. Тој е обвинет за убиство на цивили на 28 февруари за време на борбите во регионот Суми во североисточна Украина. Според обвинението, Шисимарин пукал во автомобил во селото Чупахивка, откако неговиот…

Read More

„Разговорите со Бугарија се водат врз основа на Резолуцијата изгласана во Собранието. Разговараме за сите отворени прашања и за сите може да се најде решение доколку има волја од двете страни“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во вестите на Сител и додаде дека јазикот и идентитетот не се предмет на преговорите со Бугарија. Тој додаде дека не е дефинирано дали договорениот документ со Бугарија ќе биде дел од преговарачката рамка, но во секој случај таа рамка ќе содржи елементи од договореното со Бугарија. „Ние сме должни да бидеме оптимисти за почетокот на преговорите, но тоа не значи дека по секоја цена…

Read More

Наскоро ќе се воведе нов модел на тарифа на струјата, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21. Министерот вели дека со новите тарифи помалку ќе плаќаат граѓаните кои помалку трошат на струја, а имаат помали приходи. „Ќе воведеме блок-тарифи со единствена цел да имаме тарифа која ќе биде еднаква за сите граѓани во зависност од потрошувачката на граѓаните, но и во зависност од приходите на граѓаните“, рече Бектеши. Бектеши информираше дека поевтинувањето на цените на маслото за јадење ќе се случи доколку дојде до целосно отворање на увозните коридори во Украина. Според него, тоа зависи од…

Read More

Кирил Петков денеска во Софија пред пратениците ги отфрли тврдењата дека на 22 мај во Македонија двете влади ќе стават потпис на конкретен документ. Петков вели дека дури и доаѓањето на бугарската делегација не е финализирано. – Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, рече Кирил Петков премиер на Р. Бугарија. И Ковачевски вели дека министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија комуницираат но нема усогласен документ. Македонскиот премиер не сака да ги крева очекувањата за деблокада во јуни и вели дека не…

Read More

Утрово околу 8.30 часот една мајка во населено место во близина на Белград си го фрли детето од третиот кат на зградата, по што скокна и самата од терасата. Наскоро следела реанимација, по што детето било префрлено во болница без тешки повреди, додека мајката заработила неколку скршеници. Соседите за српските медуми откриваат дека мајката го мачела детето цела ноќ, а исто така го полеала со киселина. Целата драма почнала околу 21 часот, кога слушнале викотници по станот, додека малото дете плачело. Жената која се реши на ваков страшен потег имала и ќерка, а на местото на инцидентот се појавил и…

Read More

Премиерот Виктор Орбан ги заврши разговорите за формирање нова влада, соопштија денеска од кабинетот на премиерот на Унгарија. Според најавата, Золт Семен ќе продолжи да ја извршува функцијата вицепремиер, а ќе ја преземе функцијата министер одговорен за унгарските заедници во странство, националните малцинства и верските заедници, јавува МТИ. Најавено е дека меѓу другото на функцијата министер за земјоделство, односно министер за внатрешни работи остануваат Иштван Наѓ и Шандор Пинтер, а Министерството за одбрана ќе го преземе Кристоф Салај-Бобровнички. Како што беше наведено, на функцијата министер за надворешни работи и трговија ќе остане Петер Сијарто, а секретар на Владата и понатаму…

Read More

Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух во новата словенечка влада ќе биде министерка за дигитализација.  Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект  на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката. По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија.…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Италија да ја затвори земјата за руските туристи. „Политиката на санкции – мислам дека е силен потег кога станува збор за туризмот… На руските туристи треба да им се понуди културен отпор за да знаат дека не се добредојдени… Дури и оние кои не биле на бојното поле молчат, тие стојат покрај нивното политичко раководство“, рече тој за италијанскиот ТВ канал „Раи 1“. Тој се заблагодари на Европската заедница за блокирањето на имотот на руските „олигарси“ и додаде дека обичните луѓе Руси кои доаѓаат во Европа на одмор „треба да го почувствуваат истиот притисок“.

Read More

Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа украле 150 литри дизел гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми. Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен. Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.

Read More