Author: НОВА ТВ Terziova

На конференцијата на Економист во Атина екс премиерот на Македонија Зоран Заев, имаше средба со Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. „Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет“, напиша Заев на својот фејсбук профил. Како што истакна тој, безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. „Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна…

Read More

Два автомобили се судрија на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода. Едното возило излегло од патот и удрило во заштитна ограда на една од куќите, објави Прес24. Засега нема информации за здравствената состојба на учесниците во несреќата. Несреќата се случила кај населбата 11 Октомври.

Read More

Демонстрантите што по четврти ден се собраа пред Владата, за да протестираат против францускиот предлог, се упатија пред зградата на Министерството за надворешни работи. Откако пристигнаа пред МНР, демонстрантите фрлаа со јајца и камења кон зградата, а се запалија и неколку пиротехнички средства и факели. Според тоа што може да се види, искршени се неколку стакла од просториите на МНР. https://novatv.mk/na-dozhdot-zapochna-protestot-pred-vlada-demonstrantite-frlija-petardi-kon-politsijata/?fbclid=IwAR3-OmQSS9klHb3pREIa2kAkgAtzbjdkG9gwg6FEVs-tIZEXQ96mNW9Bu-Y

Read More

Народниот протест против францускиот предлог за Македонија денеска започна во 19 часот пред Владата, а ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија. Имено, собраните граѓани им дофрлуваа на полицајците кои се пред Владата во кордон околу тоа кого штитат и зошто не им се придружуваат на другата страна, а потоа фрлија и неколку петарди кон нив, објави ТВ 21. Инаку, граѓаните бараат да не се потпише овој предлог затоа што според нив е штетен за националните интереси, а се бараат и предвремени парламентарни избори. Претходно поголем број на полициски возила и автобуси полни со полициски…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на ТВ24  истакна дека граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. „Протестите мора да бидат мирни и демократски. Има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции. Вчера имавме обид да ескалација, имаме 4 повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот,” рече министерот Спасовски. Тој апелираше до политичките субјекти, организаторите на протестите и до…

Read More

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на „Вимблдон“ откако го совлада Јаник Синер со 3:2 (5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2). Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Лондон ќе игра со подобриот од дуелот Давид Гофан – Камерон Нори. Публиката уживаше во дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер, кој беше крајно возбудлив. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и брзо дојде до водство од 4:1. Србинот имаше можност уште еднаш да му одземе сервис на противникот, но не ја искористи брејк-топката, па Синер се врати во мечот. Италијанецот го искористи моментот, го врати брејкот и потоа по голема борба направи…

Read More

Францускиот предлог е обична дипломатска лага, вели градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. „Нас ни се фрла предлогот на големиот Макрон, а од позади се цитира протоколот, во кој се сите барања на Бугарија. Главата му се сече на македонскиот народ со протоколот. Најголемата опасност по Македонија стои токму овде и во образованието, каде што треба да ги смениме учебниците по историја и географија. Оваа операција се прави за Албанија, не за Македонија“, вели Јакимовски. Според него, ако сега Македонија не влезе во ЕУ поради ветото од Бугарија, а да пројде Албанија, тоа ќе биде срам за Европа и САД. „Трикот…

Read More

Рускиот милионер Јуриј Воронов (61), поврзан со енергетскиот гигант Газпром, е пронајден мртов во базенот на неговата вила во Санкт Петербург. Воронов е еден од неколкуте членови на руската елита кои загинаа под неразјаснети околности во изминатите неколку месеци. Јуриј Воронов (61), шеф на логистичка компанија која имала профитабилни договори со Газпром на Арктикот, е пронајден мртов во својот дом во ултра богатото предградие на Санкт Петербург во понеделникот околу 14 часот, јавуваат медиумите. Телото на Воронов бил пронајдено во базенот со прострелна рана во главата. На дното на базенот се пронајдени уште неколку чаури. Тој е шестиот руски бизнисмен…

Read More

Во Општата болница во Пожаревац, регистриран е прв случај во Србија на зараза со вирусот Западен Нил, кој се пренесува од комарци на луѓе, кај жена (46) од местото Набрѓе крај Пожаревац. Жената е во добра општа состојба и се чека потврда за присуство на вирусот и од вториот примерок земен од пациентката, соопштија на веб-страницата на градот Пожаревац. Поради ова, а врз основа на информации за идентификација на присуство на вирусот кај комарците, Штабот за вонредни ситуации на Пожаревац донесе одлука за преземање мерки за нивно сузбивање на територијата на тој град. Инаку, вирусот Западен Нил во Србија е…

Read More

Шеесет и шестгодишно лице попладнево е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека телото било забележано од капачите на плажата. Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство. Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, при што, како што посочија, лицето немало знаци за живот. Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицинки тим.

Read More

Нешто по полноќ во Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков, Украина, соопшти полицијата. „Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додава Димоски.

Read More

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов денеска на прес-конференција ги коментирал протестите во Македонија пред Владата против францускиот предлог. Тој смета дека во Македонија има говор на омраза. „Навистина се надевам дека денес, и покрај говорот на омразата, и покрај одвратното однесување на некои луѓе во Северна Македонија, ќе се донесе одлука и ќе им биде отворен патот на нашите соседи. Но овој пат опозицијата во Бугарија го отвори патот и со Договорот за добрососедство и со одлуката во Парламентот. И тоа го знаат сите наши евроатлантски партнери. За начинот на кој се однесуваа кон руските…

Read More