Демонстрантите што по четврти ден се собраа пред Владата, за да протестираат против францускиот предлог, се упатија пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Откако пристигнаа пред МНР, демонстрантите фрлаа со јајца и камења кон зградата, а се запалија и неколку пиротехнички средства и факели.

Според тоа што може да се види, искршени се неколку стакла од просториите на МНР.

На дожд започна протестот пред Влада, демонстрантите фрлија петарди кон полицијата