Author: Влатко Чаловски
https://www.youtube.com/watch?v=063MhzFHckU Жителите на Сингелиќ и Стајковци утрово се разбудија во амбиент кој воопшто не наликува на 21.век. Низ улиците кал, куќите и подрумите полни со вода, сообраќајот на неколку места е стопиран, механизација и полиција насекаде. Поради штетата која ја трпат ден по силното невреме кое ги поплави овие села, жителите печашат и по неколку километри за да купат леб и да се снабдат со вода. Штетите во домаќинствата се огромни. Оштетени се возила, механизацијата со која работат на своите земјишта, огревните дрва, добитокот како и мебелот во домовите во кои живеат. Од населбата Ченто преку Сингелиќ кон Стајковци, на…
Педесетина Роми од стотината чии импровизирани домови под Кале беа срушени утрото на 1.август, денеска излегоа пред канцеларијата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски барајќи решение за нивната ситуација. – Ние бараките ги правиме, луѓето на Коце Трајановски ги рушат. Немаме мир да живееме како луѓе. Апелирам до Коце Трајановски да ни најдат прифатилиште било каде, и ние да имаме дом да живееме со нашите деца, вели Емран Емин, еден од учесниците во мирните протести на Ромите пред град Скопје. Како што вели тој, тие се Македонци, Роми, и и припаѓаат на оваа држава и сакаат ист третман како и останатите…
https://www.youtube.com/watch?v=HMx5ER21dYA Околу стотина граѓани утрово останаа без дом, откако во заедничка акција на град Скопје и Министерството за труд и социјална политика багерите ги рушеа импровизираните домови на мала заедница Роми кои своето место го нашле под Кале до реката Вардар. Како што раскажува пред камерата на НОВА, Асан Реџеп, багерите пристигнале со присуство на полиција како и специјална единица и нивните домови биле срамнети со земја. – Дојдоа сабајлево. Уште пред една недела ни рекоа да ги спакуваме алиштата, ќе дошле да рушат. И им реков ако рушат ние нема кај да одиме со децата, фамилијата, и ми рекоа…
Веднаш по објавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, дека е постигнат договор како продолжение на договореното од Пржино, партиските преговарачи излегоа со свој став и толкување на компромисот кој денеска го постигнаа. Радмила Шеќеринска од СДСМ смета дека денешните вести се позитивни за излез од кризата бидејќи договорени се најнапред услови за фер и демократски избори па потоа одлука за датум. -Владата договорена во Пржино, Владата којашто има за цел да организира фер и демократски избори ќе се врати, а Законот за внтарешни работи којшто беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година. Ваквиот развој на настаните…
Според него, четирите партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ се договориле техничката влада да биде формирана 100 дена пред одржувањето на изборите, а следната средба на партиите ќе се одржи на 31-ви Август
На улицата пред Резиденцијата, со боја испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата“ како порака за политичарите кои се внатре на преговори
Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Александар Борис де Фефел Џонсон беше еден од главните заговарачи за излез на Кралството од Европската унија и првиот фаворит за фотелјата на 10 Даунинг Стрит на местото на Дејвид Камерон кој по референдумот Брегзит, соопшти дека се повлекува од премиерската функција. Откако во јавноста се повеќе се загреаа шпекулациите дека токму тој ќе стане лидер на Конзервативната партија и можеби следен премиер на Британија, Џонсон во својот говор кон крајот на јуни рече дека во пресрет на несигурноста по Брегзит, потребен е силен лидер и дека тој не е човекот за…
Без договор завршија и вчерашните партиски преговор во Пржино меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА со посредство на меѓународната заедница
Нема најави до кога вечерва би траеле преговорите, а медиумските екипи и овојпат исходот го чекаат на улицата пред резиденцијата на ЕУ во Пржино
Амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав не се разочарани од денешната средба, бидејќи се работело добро, а разговорите биле конструктивни
На средбата се и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли
https://www.youtube.com/watch?v=FzhaDxDe58w Денешните протести на кои демонстрантите од Шарената револуција го искажаа револтот против еврообврзницата за задолжување на државата за дополнителни 650 милиони евра, се одвиваа во дисперзирани групи на повеќе места. По собирот во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, под паролата „1.1 милијарди причини за крај“, демонстрантите се упатија кон Министерството за финансии, а на улицата Македонија кај поранешниот хотел Бристол, беа стопирани од огромно присуство на полиција која беше засилена со водени топови. Оттаму толпата се раздели помеѓу комплексот Градски ѕид барајќи алтернативни приоди кон Министерството но на секој ќош беше присутна полицијата. Помала група успеа…