Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на Ромите – бараат решение од Трајановски за урнатите куќи

1
By Влатко Чаловски on August 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 4, 2016 13:03

Педесетина Роми од стотината чии импровизирани домови под Кале беа срушени утрото на 1.август, денеска излегоа пред канцеларијата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски барајќи решение за нивната ситуација.

– Ние бараките ги правиме, луѓето на Коце Трајановски ги рушат. Немаме мир да живееме како луѓе. Апелирам до Коце Трајановски да ни најдат прифатилиште било каде, и ние да имаме дом да живееме со нашите деца, вели Емран Емин, еден од учесниците во мирните протести на Ромите пред град Скопје.

Како што вели тој, тие се Македонци, Роми, и и припаѓаат на оваа држава и сакаат ист третман како и останатите припадници на други етнички заедници.

Друг демонстрант во својот апел до скопскиот градоначалник побара да им се помогне барем што се однесува на децата.

– Упатувам апел до Коце Трајановски да ни помогне, бидејќи ние немаме каде да живееме, со млеко и леб барем за децата, надвор сме. Сакаме да имаме дом, и јас сакам да имам работа како сите што имаат. Јас сум од Македонија, Македонец сум. Никому не му го посакувам овој живот, вели тој.

Иако еден од демонстрантите најави дека ќе останат пред канцелариите на град Скопје додека не им се најде решение и не им пречи да се борат за својот живот, сепак, подоцна се вратија на истото место каде што им беа бараките, откако Љатифе Шиковска од невладината „Амбрела“, по разговорот со одговорните во град Скопје, им соопшти дека ќе можат да останат таму уште неколку дена додека се најде решение.

– Конкретно договор со град Скопје не постигнавме, тие ни рекоа дека не се надлежни за овој проблем и тоа место е приватизирано и дека треба да биде расчистено. Но требаше тие луѓе некаде да бидат сместени па потоа да се рушат бараките. Проблемот го лоцирам во Министерството за труд и социјална политика. Апелирам до нив да излезат на терен и да се обидат да најдат времено сместување за овие бездомници, а доколку тоа не го сторат ние ќе го алармираме меѓународниот фактор. ОБСЕ е веќе заинтересиран, но ние не би сакале да дојде до тоа. Овие луѓе се државјани на Република Македонија и треба да имаат ист третман како и другите, вели Шиковска.

Оттука, таа заедно со двајца претставници на Ромите заминаа на разговор во Министерството за труд и социјална политика од каде што очекуваат тие да излезат со конкретно решение за времено сместување на овие стотина бездомници.

Неодамна, по објавувањето на веста за рушењето на малата ромска заедница, се огласи и канцеларијата на Народниот правобранител. Од таму апелираа до сите надлежни органи особено ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика неодложно да преземат мерки за сместување на семејствата кои останале под ведро небо и без никаква заштита.

„Неприфатливо е да спроведуваат акции од ваков тип кои не се хуман и без претходна координација со надлежните органи за обезбедување на место каде ќе се сместат семејствата чии домови треба да се урнат, макар тоа било и импровизирани објекти“, потенцираа од канцеларијата на Народниот правобранител.

Оттаму велат неспорно е дека објектите во кои живееле Ромите со години се импровизирани, но исто така неспорно е дека  ниту еден орган во овој повеќегодишен период не се заложил проблемот да го реши со соодветно домување на овие семејства.

Земјиштето на кое Ромите ги градат своите импровизирани домови е половина државно земјиште половина приватно во сопственост на Амадеус Груп ДООЕЛ.

Амбрела Град Скопје Коце Трајановски Роми срушени домови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.