Author: Влатко Чаловски
Се уште трае силното полициско обезбедување на сите приоди до Министерството
Демонстрантите ги искористија подземните гаражи и влезовите од околните згради. Некои останаа зарбоени внатре, а полицијата направи кордон со штитовите
Блокирани се и сите споредни приоди до зградата. Тоа ги испровоцира демонстраните да ја пејат “Шутка не ти бега, Никола“
Граѓаните порачуваат дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво расте
Четворица Португалци, тројца Германци и по двајца фудбалери од Франција и Велс се дел од Најдобриот тим кој произлезе од Европското првенство во фудбал кое се одржа во Франција а на кое шампион за прв пат во историјата стана Португалија. Голманот на Португалија, Руи Патрисио е најдобриот голман на Првенството, додека во одбраната друштво му прават Џошуа Кимик и Жером Боатенг од Германија и Пепе и Рафаел Гереиро од Португалија. Најдобрите фудбалери од средниот ред доаѓаат од Германија, Тони Крос, и двајца Велшани, Џо Ален и Арон Ремзи. Нападот на Европското првенство 2016 го сочинуваат првиот голгетер на турнирот, Антоан…
Фотографија на која една девојка мирно пружи отпор пред полициски службеници вооружени од глава до пети во САД, на социјалните мрежи се врти како симбол на протестите кои изминатите денови се одвиваат во САД по низата убиства на обични граѓани и полицајци. На фотогорафијата на Џонатан Бејкман, а во сопственост на агенцијата Ројтер, се гледа девојка која стои во средина на улицата додека двајца полицајци се подготвуваат да ја уапсат во Батон Руж во Луизијана. Оваа фотографија следува по моќната фотографија неодамна објавена во Шведска на која активистката Марија-Тереза Тес со крената тупаница “ја сече“ колоната од стотици нео-Нацисти во…
Париз вечерва ќе биде центарот на Европа или барем во светот на фудбалот, центарот на светот. Англичанецот Марк Клатенбург ќе биде медијаторот за фер натпревар помеѓу фудбалските гиганти Франција и Португалија. Со почеток во 21 часот, репрезентацијата предводена од Кристијано Роналдо ќе се спротистави на домаќинот Франција на Стад де Франс во Париз, по кој натпревар, ќе се знаат имињата на фудбалерите кои во историјата ќе бидат запишани со златни букви. Португалија е досадна репрезентација, до полуфиналето не победи ниту еден меч во регуларните 90 минути, а заврши и како трета во својата група каде што приматот и го земаа…
https://www.youtube.com/watch?v=l1sT8bQV1HM Студентот Исмет Шабановиќ, кој е дел од Студентскиот пленум, вечерва беше дел и од студентите кои беа насилно исфрлени од пред влезот на Студентскиот парламент од страна на Единицата за брзо распоредување. Во разговор со НОВА, тој вели ова е врв на лудилото кое се случува во Македонија бидејќи студенти беа исфрлени без да пружат отпор. – Јас денеска бев еден од студентите кои се бореа за правда и за спречување на нелигитимни избори. Цел свет виде и се смее на она што се случи на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Ние сакавме да го спречиме ова лудило. Дванаесет саати…
„Поништи ги изборите“ е пораката од Студентски пленум до в.д претседателот на СПУКМ, Кирил Спироски по денешните избори кои беа засенети со низа нелигитимности. Пленумот веднаш по насилното крадење на кутиите со гласачките ливчиња се упати пред седиштетото на СПУКМ, со цел да се соочи со претставниците на Парламентот а воедно ја контактираа и полицијата поради нарушување на јавен ред и мир и како што велат, насилство од страна на претставници на Парламентот. – Побаравме да се поништат за нелигитимни и невалидни овие избори без разлика што цели две две недели дека целиот процес е луд. На Кирил Спироски му дадовме…
https://www.youtube.com/watch?v=aUxZhdOtAC4 Непосредно по завршувањето на гласањето на студентските избори, гласачката кутија од Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше насилно однесена со лица за кои Студентскиот пленум обвинува дека немаат никаква поврзаност со УКИМ, по што настанаа турканици. Професорот Гордан Калајџиев претходно ги повика присутните во холот на Правниот факултет да се легитимираат и оние кои не се студенти да го напуштат факултет. *(ВИДЕО) Студентски избори без легитимитет На тоа никој од присутните кои ја штитеа комисијата пред која се гласаше не реагираше, и веднаш по 16 часот направија обрач и низ бифето на факултетот од задната страна излегоа со кутијата. Тензичната…
https://www.youtube.com/watch?v=KHyolqPdsH0 Новиот највисок претставник на студентите, претседателот на СПУКМ, денеска се избира во сомнителни околности, на избори на кои студентите гласаат без параван за заштита на тајноста на гласот и на гласачки ливчиња кои наликуваат на флаер кој може секој да го изработи, бидејќи на нив нема ниту регистарски број. Токму ова е причината за денешната расправа помеѓу Студентскиот пленум и комисијата на СПУКМ, која одби да се легитимира кога тоа беше побарано од нив. Збунетата комисија од студенти пак, не знаеше да одговори зошто немаат паравани за таен глас. Комисијата не одговараше ниту пред новинарите ниту пред Студентскиот пленум…
Нема ниту тајност на гласањето бидејќи пултот за гласање е поставен на самата маса каде седи комисијата