Author: Влатко Чаловски

ДИК заклучи дека, бидејќи нема законска можност да се отповика веќе донесена олука, секој поединечно ќе одлучи дали тие ќе бидат насочени во буџетот или пак же бидат донирани во хуманитарни цели

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=lk037yUMX08 Завршена е јавната постапка и потпишано е решението за избор за најповолен понудувач и некаде околу 5 милиони денари (80.000 евра) ќе бидат потрошени на новогодишно украсување на главниот град, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Одговарајќи на новинарско прашање, на прес-конференцијата за Панорамското тркало и проектот Скопје 2014, Шилегов потенцираше и дека град Скопје овој пат, за разлика од претходното раководство, нема да бидат изненадени од снегот. „Кризниот штаб неколку пати заседаваше кога е во прашање зимската служба на град Скопје и има определени резерви на сол. Во тек е постапка за дополнување на резервите затоа што…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=_OuD30SxJfU&feature=youtu.be Стопирана е изградбата на Панорамското тркало. Градот Скопје нема потреба од него и имаме среќа што не е платено, па барем ќе заштедиме граѓански пари. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој потенцираше дека градските служби денеска го чистат насобраниот шут околу веќе изградените делови од Панормаското тркало, а кој се насобра по обилните врнежи. – За остатокот од објектите во коритото на реката Вардар, како што веќе ја известив јавноста, дел од постапките и процедурите се одвиваат внатре во градската администрација и бараме мислење и соработка од други надлежни органи. За нас е приоритет безбедноста на…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=qw8_eXwGIMM Комисијата за мандатно имунитетни прашања со поединечно гласање за секој од шесте пратеници, со 5 гласа за и 0 против го одобри барањето за притвор. За Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, судија на претходна постапка побара симнување на нивниот пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за време на насилните протести на 27. април. Претседателот на комисијата, пратеникот Павле Богоевски, ја отвори седницата, а во салата не дојдоа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ. Богоевски констатираше дека има кворум. Во салата во Собранието не беа ниту пратениците кои се тема на…

Read More

Претседателката на Македонската асоцијација на новинари (МАН), Слаѓана Димишкова, кон крајот на октомври, до генералниот секретар на Асоцијацијата, Драган Павловиќ – Латас, поднела оставка од функцијата, која се уште е во процедура. Како што вели Димишкова за НОВА, таа оставката ја поднела од лични причини, но ќе остане член на МАН. „Оставка поднесов кон крајот на октомври до генералниот секретар од лични причини. Сите други одговори побарајте ги таму“, рече Димишкова, дополнувајќи дека останува член на Асоцијацијата. Таа вели, не знае кој ќе ја наследи на претседателското место и не упати за сите подетални прашања да се обратиме до генералниот…

Read More

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство, за како што рече обвинителката Катица Јанева, предистражна постапка во финансиска истрага поврзана со електрична енергија. По распитот, Груевски зеде десетина минути пауза близу објектот на СЈО, по што се врати да даде изјава пред медиумите. Во меѓувреме, Јанева во изјава информираше дека бидејќи се работи за предистражна постапка за нов случај, сите повикани се во својство на сведоци. „Груевски беше повикан во својство на сведок за финансиска истрага што се води во СЈО. Предметот е во предистражна постапка за земена провизија за струја“, изјави Јанева, дополнувајќи…

Read More

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по распитот во СЈО обвини дека бил повикан со цел да се замајува јавноста од како што рече, вистинските проблеми и лажните ветувања на Владата на Заев. Во кусата изјава која Груевски ја даде за медиумите, рече дека СЈО имал истечен мандат и случајот за кој бил повикан бил непостоечки бидејќи тој реално работел. Тој додаде и дека  јасна му била целта заради која е повикан, а тоа било да се појавува пред медиумите како осомничен. Во однос на бомбите тој повтори дека тоа се незаконско прибавени аудио снимки.

Read More

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска по распитот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во изјава за медиумите рече дека Груевски бил повикан како сведок во предистражна постапка и дека во оваа фаза сите се испитуваат како сведоци. „Станува збор за финансиска истрага за електрична енергија, за земена провизија. Имаме два разговори кои не се јавно објавени и две лица кои разговараат“, рече Јанева. Одговарајќи на новинарско прашање за пресудата изречена против едно лице во случајот „Таргет-тврдина“, Јанева рече дека обвинетиот за кого е донесена пресудата не бил од најсериозните обвинети и затоа казната е таква. За првообвинетите Јанева рече…

Read More

Со 12 противпожарни возила и 26 пожарникари, локализиран е пожарот кој утрово беснееше на објектот на Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет. Причините за настанувањето на пожарот кој избувнал околу 9 часот утринава допрва ќе се утврдуваат, а на време биле евакуирани професорите и студентите и нема повредени. Како што изјави командирот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, тие повикот го добиле околу 9 часот и 10 минути и веднаш пристигнале на Градежниот факултет, каде по неколку минути обид за влез во дворот поради сообраќајниот метеж, влегле во дворот на објектот и интервенирале брзо за да спречат ширење на огнените јазици. „Пожарот…

Read More