Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Лекарот од Тетово, Лиридон Диша, чиј коментар на Фејсбук за државата Македонија ја разбрани јавноста, вели неговото мислење е извадено од контекст
Автономната зона Каталонија, која се наоѓа на североисточниот дел од Шпанија, денеска гласа на неформален референдум кој шпанската влада и Уставниот суд не го признаваат, а притоа светот сведочи за полициска бруталност која Шпанија ја нема видено уште од времето на диктаторот Франко. На денешните тензии им претходеа апсења на официјалните организатори кои се дел од каталонската администрација, по што на 1.октомври, Мадрид го погази демократското право на глас на секој Каталонец. Која е позадината на референдумот за кој Мадрид и Каталонија се судрија? Каталонија е богат регион на североисточниот дел на Шпанија, еден од 17 автономни зони и има…
Различни се перцпециите на претставниците од власта и од опозицијата за надворешната политика на Македонија по промената на власта, во поглед на патот кон НАТО и Европската Унија. Изјавите на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски, дадени пред почетокот на конференцијата „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0“, се разликуваат во тоа што политиките кон Бугарија и Грција пред четири месеци и по новата власт, едните велат дека се позитивни, другите дека се сервилни кон соседите. „Има работи кои зависат од Македонија и работи кои зависат од она што се случува во…
Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Според најавите, тој ќе има средби со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев. Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција. На функцијата премиер на Турција Давутоглу стапува на 29 август 2014, откако Реџеп Тајип Ердоган е избран за претседател на Турција. Управува со дел од власта до 5 мај 2016 година кога се повлекува од позицијата…
Вокалот кои ги освои срцата на Европа по својата победничка песна на последната Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал е во болница во Санта Круз поради проблеми со срцето. За Собрал се знаеше во јавноста дека има проблеми со срцето, а се чини дека се трка со времето и неговиот живот е во опсасност. Пораки со поддршка на талентираниот Собрал пристигнуваат од сите краишта на светот. Брзо закрепнување му посакаа поранешниот победник на Евровизија, Александар Рибак од Норвешка, Украинката Џамала и шпанскиот претставник на овогодинашниот избор Мануел Наваро. Последниот настап пред да биде хоспитализиран Салвадор го имаше на 8.септември. https://www.youtube.com/watch?v=Qotooj7ODCM
Новата Влада направила многу во поглед на транспарентноста и отченоста пред граѓаните и медиумите во првите 100 дена од управувањето со државата, смета министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски на првата прес-конференција по промената на власта. Придонесот кон тоа го дале, како што одговори на прашање на НОВА, министерот Поповски, 33 службеници во власта кои се под негова надлежност. Набројувајќи ги мерките кои оваа Влада ги донела, министерот Поповски посочи на одлуката за забрана на користење државни ресурси за време на изборната кампања, како и можноста за бесплатен пристап до информации од Централниот регистар и…
На само 15 години, младиот програмер Даријан Шекеров има освоено балкански, европски, но и светски натпревари по информатика. Автор е на апликацијата „Слико збор“, која бесплатно ја направил за децата кои имаат потешкотии при говорот. Познава 8 програмски јазици и има креирано до сега 16 бесплатни апликации кои се достапни на на „Гугл Плеј стор“ https://www.youtube.com/watch?v=vuc7Oul1uCE
„Од суштинско значење е да се утврди одговорноста за обвиненијата од нелегално прислушуваните материјали“
Avec L’Amour е филм за соништата, љубовта и пасијата на колекционерот на стари автомобили, професорот по биологија во средно училиште – Дионис
Предвидена е казна само за државните институции и органи кои нема да го спроведуваат законот
Ниту една земја со унитарен карактер која има два официјална јазика досега не е униптена, му порача пратеникот Стево Пендаровски на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска опонираа во своите говори и предупредуваа во рамките на Комисијата за европски прашања против носењето на Законот за употреба на јазиците. „Неспорно е дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Македонија, можеме само да зборуваме за степенот на употреба. И во таа насока сакам да кажам дека сегашното решение е максимална екстензија на употребата на јазикот како право на етничките Албанци и се согласувам со тоа. Главен заклучок е дека македонскиот…
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Антонијо Милошоски и Џеват Адеми водеа жестока дебата за Законот за употреба на јазиците во рамките на Комисијата за европски прашања