Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втора шанса за европската перспектива на Македонија

0
By Влатко Чаловски on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 15:06

Различни се перцпециите на претставниците од власта и од опозицијата за надворешната политика на Македонија по промената на власта, во поглед на патот кон НАТО и Европската Унија.

Изјавите на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски, дадени пред почетокот на конференцијата „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0“, се разликуваат во тоа што политиките кон Бугарија и Грција пред четири месеци и по новата власт, едните велат дека се позитивни, другите дека се сервилни кон соседите.

„Има работи кои зависат од Македонија и работи кои зависат од она што се случува во рамките на Европска Унија. Нашата цел е да ја претставиме Македонија во позитивно светло. За не ја упропастиме и втората шанса која ни се укажува, треба да учиме од лекциите од изминативе 11 години кога Македонија не мрдна од место а државите од регионот направија сериозни реформи и кон НАТО и кон ЕУ. Сите грешки од тој период сега треба да ги поправаме, а тоа подразбира, сите уставни контролни механизми да функционираат, да обезбедиме контрола врз извршната власт, да обезбедиме крај на сите злоупотреби врз прислушувањето и корупцијата, како и владеење на правото. Сето ова е предвиддено во Планот 3-6-9 на сегашната влада“, изјави денеска Радмила Шеќеринска.

Според неа, Брисел сега има друга реторика кон Македонија, и позитивни работи се слушаат за државата во рамките на европското семејство.

„Таму (Брисел) слушнав дека Македонија ги отвора вратите и дека за прв пат Македонија ја гледаат како држава која повеќе не се жали дека другите и се криви и дека самата знае да си ги решава проблемите. Долго време Македонија чекаше друг да и ги реши проблемите, а изминативе четири месеци покажавме дека знаеме да ги решаваме проблемите со своите соседи. Со сите наши соседи сега водиме зрела политика и отворени сме, преку европско однесување да ги решаваме проблемите“, потенцираше таа.

За Никола Поповски пак, политиката која сегашната влада ја води, остава впечаток на несигурност, и се однесувала сервилно.

„Изминатиов период интензивно се работеше да се создаде перцепција дека се случуваат сериозни реформи, а сметам дека таа успеа и да се изгради. Владата вети сеопфатен процес и вклученост, но освен што се постигна да се создаде таква перцепција, сериозно не е така.

За еден краток период од четири месеци, многу работи во инвестициската политика, во јазичните политики, во економските и други, се создава чувство на несигурснот и на создавање на основа за продолжување на таква несигурност. Таквиот пат треба да се корегира“, порача Поповски.

Тој се наврати дека и додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со државата, во поглед на образованието тие имале предвидено дека има простор за градење мостови, но со поинаква тенденција.

„Доколку тенденцијата е да се создаде еднострана основа за ревидирање на македонски учебници од надвор, тогаш излегуваме од концептот за реципроцитет и во тој случај и наметнуваме потреба за Македонија да биде портретирана како страна која креира проблеми. Впечатокот кај нашите соседи е дека нема непристоен предлог кој би дошол од надвор до нашата влада, а кој таа не би прифатила. Треба да излеземе од матрицата во која некој друг од надвор ни ги сервира напишани текстовите а ние само ги прифаќаме преку владините претставници“, рече поранешниот шеф на македонската дипломатија.

Целта на денешната конференција организирана од Институтот за европска политика (ЕПИ), сепак како што рече директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, е да се излвлече поука дека а власта и опозицијата треба заедно да работат за да постигнат резултати, особено откако челните луѓе на Европската Унија порачаа дека земјите од Западен Балкан имаат сериозни шанси да станат полноправни членки на Унијата.

„Во моментов препораката за отпочнување преговори е условена од реформите и од името. На првото мора Македонија да направи исчекор. Ако ги испорачаме реформите тогаш ќе може да одземеме од некои од аргументите на Грција за второто прашање. Позитивен момент сепак договорот за добрососедство со Бугарија“, подвлече Кацарска.

За втората шанса на Македонија на патот кон Европа, на форумот денеска се разговара во два панели, за тоа колку е возможно новата влада да воспостави одржливи реформи.

ЕПИ ЕУ Македонија НАТО Никола Поповски Радмила Шеќеринска реформи Симонида Кацарска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.