Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Расправата за Законот за употреба на јазиците во Комисијата за европски прашања, беше одбележан со говорите на координаторите на пратеничките групи од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Илија Димовски. Милошоски побара веднаш да се тргне европското знаменце од законот, бидејќи според него со тоа се забрзува „носење на закон кој е противуставен“. -Европското знаменце е злоупотребено како „смоквин лист“ за да ја скрие неуставноста и немоќта на креаторите на законот да разговоараат со релевантните институции. Овој предлог закон треба да оди на јавна дебата, а надлежниот министер да каже според кој европски акт го усогасуваме нашето законодавство, па да стои…
Ханис Багашов е млад уметник кој во своето портфолио може да се пофали дека соработувал со врвни уметници од домашната сцена. Неколку пати соработувал со Златко Ориѓански како за неговите така и за своите проекти. Соработувал и со Слободан Унковски, а во филмот на Теона Митевска „Кога денот немаше име“ пак, игра една од главните улоги. „Проектите кои ги работам не ме менуваат како личност“, вели Ханис во Портретот кој НОВА го изработи за одблизу да се запознаеме со него. https://www.youtube.com/watch?v=8N8696UqxSI
Грција го поддржува евроатланскиот пат на целиот Балкан и сакаме да ја поддржиме и вашата земја. За НАТО постојат одлуки од Букурешт кои треба да се исполнат и тогаш оваа „мила соседна земја“ ќе биде и во ЕУ и во НАТО, порача денеска во Скопје, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по средбата со својот македонски колега Никола Димитров. – Што се однесува до НАТО постојат забелешки од Букурешт и со нивното реализирање, оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што…
Иднината на Македонија е во НАТО а за тоа има силна поддршка од САД и европските партнери, порачаа денеска амбасадорите на САД и Германија на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО” која се одржа во македонското МНР. Македонија беше домаќин на оваа конференција во сорботка со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ и Алумни Асоцијацијата на Маршал центарот во Македонија. Поддршката од Америка ја пренесе амбасадорот Џес Бејли, притоа напоменувајќи дека најважно од се е да се спроведат неопходните реформски приоритети. Осврнувајќи се на долгогодишниот спор за името на Македонија со Грција, Бејли додаде дека нема илузии оти…
Куќата на славните во боксот е во исчекување на непоразениот Флојд “Мани“ Мејведер кој со денешната победа над Конор Мекгрегор само потврди каде му е местото и ја заврши својата 20-годишна кариера со 50 победи и ниту еден пораз. Но мечот на деценијата, како што го опишаа медиумите поради можеби најдобриот маркетинг некогаш спроведен во спортот, покажа и нешто друго – Конор Мекгрегор иако е ММА борец, тој сепак знае да боксува. Шоутo во Лас Вегас траеше 10 рунди а слободно може да се каже дека првите четири му припаднаа на шампионот во ММА дисциплината, Конор Мекгрегор, за што пак…
https://www.youtube.com/watch?v=e5vguh037tY Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, градската плажа „Камени мост“ е успешен проект на градот, на која имало многу посетители и била функционална, но државниот објект „Панорамско тркало“ во моментов бил приоритет и затоа плажата е срушена. Сепак како што рече денеска Трајановски на прес-конференција на која даде отчет за сработеното на ниво на Скопје, истата пак ќе се реконструира кога ќе заврши Панорамското тркало и новиот мост кој се гради од едната страна на Вардар до другата. „Плажата профункционира, ако не сте биле тоа е ваш проблем. Има милион луѓе кои биле на таа плажа и уживале во…
https://www.youtube.com/watch?v=KCNWsBEjgOc&feature=youtu.be Со 64 гласа ЗА, Собранието попладнево го разреши досегашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред гласањето пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско. Пред оваа седница Џафери ја отвори осмата седница, на која Илија од Димовски од ВМРО ДПМНЕ му посочи на собранискиот спикер дека Антикорупциската комисија доставила мислење според кое евентуално разрешување на Зврлевски би било незаконско. Претседателот на Собранието, Талат Џафери на Димовски му соопшти дека единствен барател за автентично толкување на законска норма е Законодавно…
Она што го спречува Димовски да ја преземе функцијата е што Комисијата во ССМ треба да констатира дали сите документи од записникот се наоѓаат во канцеларијата
https://www.youtube.com/watch?v=BKuu8VqUXh4 камера: Трајче Антоновски Вториот ден фудбалска треска во Скопје само се засили со присутноста на фудбалските навивачи кои пристигнаа денес. Во центарот на главниот град може да се забележи дека доминираат навивачите на англискиот неколкукратен шампион Манчестер Јунајтед пред Шпанците, а можеби најдобар опис за тоа е изјавата на Хавиер од Мадрид кој вели, тие немаат евтини летови како Англичаните за да дојдат во Скопје. Но и покрај тоа, тој е радосен што овде запознал навивачи на шпанскиот гигант Реал Мадрид од други држави. Хавиер е убеден дека вечерашниот натпревар ќе заврши позитивно за неговиот тим. Кафулињата работат со…
Во време кога Скопје е европската престолнина на фудбалот, неизбежно е а да не налетате на некој фудбалска легенда
Вечерва Скопје беше претворен во фудбалска престолнина. Атмосферата разиграна на највисоко ниво, но она што можеше да се забележи е дека доминираат фановите на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед во пресрет на утрешниот Суперкуп со шпански Реал Мадрид. Музиката, танцот, топката и разговорите на НОВА со фудбалските фанови преточени во 5 минути видео. https://www.youtube.com/watch?v=X1n_1bPf_Qs КАМЕРА: Трајче Антоновски
Финесот е посебен начин на живот, од кој пред се здравствено се подобрувате, а воедно ги јакнете својата физичка и ментална страна. Марио Јовановски е фитнес инструктор кој започнал со цел да постигне физичка промена, но брзо сфатил дека да се биде активен всушност претставува дисциплина која го менува начинот на живот на подобро. Вежбајте и хранете се здраво, ви порачува Марио. П.С: Посетете ја неговата страна mariofit.net https://www.youtube.com/watch?v=NI2u5Fixses