Author: Xhabir Deralla
Идејата за оваа нова политичка структура дојде од францускиот претседател Макрон кој ја јавно ја соопшти на 9 мај во Стразбур. Претседателот Макрон го започна својот говор во Европскиот парламент со повик за создавање на ЕПЗ.
Ристо Пенов, првиот избран градоначалник на Град Скопје, кој во два наврати излегуваше како победник на локалните избори во главниот град, ќе биде новиот министер за локална самоуправа во македонската влада. Ристо Пенов е еден од ретките градски татковци, а и политичари за кого во јавноста сеќавањата се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и искуство.
Германските европратеници го зголемува притисокот врз Берлускони и неговата Форца Италија кои се дел од ЕНП со експлицитно барање да не ја подржи Џорџа Мелони и нејзините Браќа на Италија. Прв на удар е Манфред Вебер, лидерот на десноцентристичката Европска народна партија во Европскиот парламент, кој се соочува со притисок од колегите германски европратеници да го исфрли Силвио Берлускони од групата ако ја поддржи шефицата на Браќата на Италија, Џорџија Мелони во нејзините обиди да формира владејачко мнозинство по изборите во Италија на кои таа освои најмногу гласови
„Германија им го покажа средниот прст на останатите земји членки“ – изјави утрово еден евродипломат пред почетокот на Советот на министрите за европски прашања кои се одржува во Луксембург. Нервозата во ЕУ ја предизвика одлуката на германската влада да издвои 200 милијарди евра за помош на потрошувачите и бизнисот од деструктивните ефекти на енергетската криза. Револтот е дотолку поголем што Германија се смета за најмногу виновна за етаблирањето на Газпром во 90-те години на европскиот пазар како доминантен, што денес, во услови на санкции кон Русија, е една од најголемите главоболки за целиот континент. Дополнително, Германија е, исто така, членката…
Што може и треба да научи светот од германското обединување на 3 октомври 1990 година? Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Светот може да извлече најмалку три големи поуки од германското обединување на 3 октомври 1990 година кој се одбележува како Ден на германското единство. Обединувањето на Германија се случи неполна година по падот на Ѕидот во Берлин на 9 ноември 1989 година. Овој процес го означи и падот на советскиот тоталитаризам во светот и крајот на „ерата на поделби“ што ги предизвика Студената војна.
Личните искуства од времето на германското обединување, ЕУ интеграцијата, регионалната соработка и Берлинскиот процес, и војната во Украина се темите на интервјуто на ЦИВИЛ МЕДИА со Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн. Денот на германското единство не е само многу важен историски датум за Германија, туку и за целиот свет. Германското единство ја симболизира демократската преобразба на Европа и заложбите за општество на еднакви граѓанки и граѓани, во кое се почитуваат човековите права и слободи. Ова е една од темите за кои Цивил Медиа разговараше со Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.
Како Русија измислува оправдувања за своите загуби и како мобилизацијата може да ги промени работите
Руската пропаганда шири лаги и ги премолчува фактите не само за загубите на персоналот, туку и за стратешките неуспеси, криејќи ги од својот народ, го пренесува Укринформ извештајот на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност, објави ЦИВИЛ МЕДИА.
Во својата реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие „откриваат“ афера што ја нарекоа „броило“, СДСМ излезе со соопштение во кое целосно ги демантира наводите на опозициската партија, пренесува Фронтлајн.
Денот на германското единство не е само многу важен историски датум за Германија, туку и за целиот свет. Германското единство ја симболизира демократската преобразба на Европа и заложбите за општество на еднакви граѓанки и граѓани, во кое се почитуваат човековите права и слободи. Ова е една од темите за кои Цивил Медиа направи интервју со Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн.
Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн, во интервју за медиумската платформа на Цивил, говореше за повеќе теми, меѓу кои и перспективите на ЕУ интеграцијата. Таа истакна дека земјата може секогаш да се потпре на поддршката од Германија.
Сите овие вести беа масовно промовирани на Фејсбук и Твитер. Сите тие беа лажни – и беа дел од опсежната операција на руската кампања за промовирање на инвазијата на Кремљ против Украина, чија цел беа луѓе низ Европската унија и Велика Британија, се вели во извештајот објавен во вторникот од Мета. Обемната тајна кампања се потпираше на лажни медиумски сајтови дизајнирани да ги имитираат оние на легитимните европски брендови како Der Spiegel, Guardian и Ansa, меѓу другите. Севкупно, истражувачите на Мета открија повеќе од 60 лажни медиумски веб-локации, од кои речиси сите беа во голема мера промовирани на социјалните мрежи,…
Во најголемото политичко семејство во ЕП, Европската народна партија дојде до судир меѓу група на влијателни членови со лидерот на ЕНП, Манфред Вебер. Критиките кон Вебер дојдоа од највлијателните членови на германската десничарска опозициска партија ЦДУ. Обвинувањата се дека Вебер во изборната кампања во Италија директно ја подржа Форца Италија на Силвио Берлускони која е сега дел од новата италијанска десничарка коалиција предводена од екстремно десничарската партија Браќа на Италија. Манфред Вебер во обид да се одбрани од критиките синоќа во интервју за една национална ТВ станица рече дека неговата поддршка за Берлускони е обид да се направи потребниот санитарен…