Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авганистански амбасадор тврди дека Гани ја напушти земјата со 169 милиони долари, тој негира

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гани тврди дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој од завчера се наоѓа во егзил во Обединетите Арапски Емирати, денеска излезе со прва изјава по бегството од земјата и објасни дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли извештаите дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари. Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за напуштање на земјата кога талибанските сили во неделата влегоа во Кабул.

– Да останев ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул, рече Гани во видео пораката објавена на Фејсбук, што е негов прв јавен коментар откако беше потврдено дека тој се наоѓа во Емиратите.

Гани, исто така, кажа дека ги поддржува преговорите меѓу талибанците кои ја презедоа власта во Кабул и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека „преговара за враќање во својата земја од која избега“, пренесуваат француските медиуми.

– Ја поддржувам иницијативата на владата за преговори со (поранешниот потпретседател) Абдула Абдула и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Посакувам овој процес да биде успешен, рече тој во видео пораката.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати попладнево потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани се наоѓа во оваа заливска земја.

Гани избега од земјата во неделата попладне кога талибанците влегоа во Кабул, но засега никој не знаеше каде се наоѓа.

Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан денеска излезе со податокот  дека Гани со себе зел 169 милиони долари. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би -Би -Си.

Авганистан Гани Кабул претседател Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.