Мобилната единица за безбедност на сообраќајот во рамки на зајакнатата акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционира 96 возила. Од нив, 21 се движело со брзина од 50 километри на час над дозволената, а три со над 70 километри на час.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира МВР.