НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азилот го спаси Груевски од потерницата на Интерпол

0
By Соња Трајковска on May 11, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
Фото: 24.ху
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако претседателката на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска соопшти дека Интерпол одбива да распише потерница за бегалецот Никола Груевски и за разузнавачот Никола Бошкоски, обајцата осомничени како организатори на крвавите настани од 27 април, во јавноста се поставува прашањето – зошто?

Посебно, што обвинителката во изјавата рече дека не ги знае причините зошто меѓународната институција не сака да го стави името на Груевски на листата на лица кои се бараат со црвена потерница низ светот.

Но, се станува појасно ако се прочитаат правилата на Интерпол кои се јавно достапни. Оваа меѓународна организација во 2015 година ги либерализира правилата за тоа во кои случаи важи црвената потерница.

Оттогаш, со црвена потерница не се бараат лица во следните случаи:

– кога е потврден статусот на бегалец или барател на азил, кога

– кога има известување дека се стравува оти поединецот во земјата што го бара ќе се соочи со прогон

– кога доделувањето на статусот на бегалец не е засновано на политички причини во однос на земјата што го бара.

Во појаснувањето на овие нови правила се истакнува дека „со прифаќањето на овој нов пристап, организацијата официјално признава дека кога станува збор за меѓународната полициска соработка, чие унапредување е примарна цел на организацијата, бегалците заслужуваат посебна заштита на ИНТЕРПОЛ. Оваа посебна заштита е неопходна за заштита на бегалците од земјите-членки кои ги злоупотребуваат каналите на ИНТЕРПОЛ да ги прогонуваат политичките противници и другите жртви на корумпирано кривично гонење“.

Според експерти за азил, овие правила се либерализирани главно поради случаите со руски државјани кои се цел на прогон во земјата поради политички ангажман или активизам, поради што бегаат во други земји во светот, но Русија преку Интерпол ги бара да бидат испорачани назад.

 Интерпол никогаш не објави потерница за Груевски на нивниот сајт

Веднаш откако беше констатирано дека Груевски не е во државата (12 ноември 2018), македонските власти распишаа прво национална, а потоа и меѓународна потерница по него. Подоцна, се востанови дека тогаш кога е распишана потерница тој веќе бил во Унгарија, преминувајќи ја прво македонско-албанската граница со лична карта (пасошот му е одземен), па албанско-црногорската, црногорско српската и српско унгарската граница со дипломатско возило, придржба и специјален патен документ што му бил издаден од амбасадата на Унгарија во Тирана каде што поднел барање за азил. Тој прво на 13 ноември „се пријави“ на Фејсбук дека е во Унгарија, а потоа на 20 ноември на социјалната мрежа објави дека добил азил.  За неговото бегство ЈО не утврди одговорност на институциите.

На сајтот на МВР, меѓу лицата по кои се трага е и Никола Груевски, со напомена дека за него е распишана  меѓународна потерница, но Интерпол никогаш на ја објави на својот сајт каде има дел од имињата (и фотографиите на лицата) кои се бараат со црвена потерница. На прашање испратено до Интерпол на 1 февруари, зошто Груевски не е на оваа листа, од седиштето во Лион одговорија дека информациите што земјите членки ги споделуваат со Генералниот секретаријат на Интерпол се во надлежност на конкретната земја и во таа смисла не коментираат конкретни случаи или поединци. Упатија одговорот да го дадат надлежните институции.

Одговорот всушност лежи во новите правила на Интерпол во однос на бегалците, кои важеле и тогаш и сега, но нејасно е зошто македонските власти не го објавија тоа.  Според тоа, Груевски може да се надева дека  црвена потерница нема да биде активирана ниту кога ќе ја напушти Унгарија.

Зоран Дранговски од Здружението на млади правници кое повеќе од 8 години застапува баратели на азил, вели дека со патната исправа која ќе му биде издадена како на лице кое е под заштита од Унгарија, ќе може да патува и во земјите од ЕУ и секаде во светот.

 

Слободата за движење на Груевски важи секаде освен во Македонија, каде  против него се водат повеќе постапки, меѓу кои и за организатор на настаните од 27 април. Но, во моментов постапката за него е запрена, бидејќи е во бегство. За Груевски има веќе едно барање за екстрадиција за издржување на двегодишната казна затвор за „Тенк“, но за да има ново барање (за 27 април), Обвинителството треба да достави барање и докази до Министерството за правда.

Од минатата недела и целиот случај „Тенк“ е доведен во прашање, со тоа што предметот е испратен во Врховниот суд, до каде што Груевски поднесе жалба за вонредно преиспитување на пресудата. Ова значи дека Кривичниот совет на Врховниот суд, на чело со Јово Вангеловски, може да одлучи да ја укине пресудата и случајот да го врати од почеток, што би значело ослободителна пресуда за Груевски, бидејќи делото за кое се гони ќе застари.

И Бошкоски ќе се спаси од Интерпол

Истите правила на Интерпол важат и за разузнавачот Никола Бошкоски кој се наоѓа во Грција, откако заедно со неговиот колега Горан Грујевски во октомври 2017 година избегаа од државава, и со лажни пасоши прво ја преминале македонско грчката граница, а потоа беа фатени на аеродромот во Солун. Тој има поднесено барање за азил во Грција и според дел од неговите адвокати постапката се уште не е завршена и нема рок до кога грчките власти треба да одговорат на барањето за азил.

Откако судот во Атина во мај лани го одби барањето за екстрадиција, каде одбраната на двајцата се повика на амнестијата од Иванов, против Бошковски во Грција сега се водат два одвоени процеси: едниот е прекршочна постапка во судот во Солун за преминување на граница со фалисфикувани документи и постапката за азил.

Дел од неговиот адвокатски тим не можеше да потврди дали тоа што Интерпол одбива да да објави потерница против Бошковски е поради овие причини.

Во декември лани министерката Дескоска најави ново барање за екстрадиција на двајцата бегалци во Грција. Но евентуалното добивање азил, ќе го стави Бошковски во иста позиција со Груевски- тој ќе може слободно да се движи секаде, освен да се врати во својата земја.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случајот „Таргет – Тврдина“, за масовното прислушување.

азил Груевски Интерпол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.