Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грујевски и Бошковски – клучните обвинети`во „Таргет“ и „Тврдина“

6
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 20, 2017 15:39

Горан Грујевски и Никола Бошковски или Христо Атанасов и Неџби Хасан по речиси три месеци бегство се зад решетки. Македонските разузнавачи, со фалсификувани бугарски пасоши се во притвор во грчки затвор. Постапката за нивна екстрадиција во земјава може да трае четири до шест недели, а кога ќе бидат испорачани ги очекува судење за судските предмети на Специјалното јавно обвинителство – „Таргет“ и „Тврдина“.

За што ќе одговараат Грујевски и Бошковски

Истрагата за предметот со кодно име „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година. Поради нивната поврзаност, при подготовка на обвинението предметите се споени во еден единствен предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, е обвинет за „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Никола Бошковски, пак, е обвинет за две кривични дела: „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Според обвинението Грујевски и Бошковски се гонат за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во УБК и за нивно уништување за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права.

Грујевски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“, додека Бошковски, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

51- годишниот Грујевски и 35- годишниот Бошковски беа во бегство 84 дена – од 26 јули, кога полицијата не ги пронајде во нивните домови . Два дена подоцна, по нив беше распишана меѓународна потерница. Министерот Спасовски тогаш изјави дека се сомнева дека во бегството може да се вклучени и луѓе од судството – и јавно праша зошто одлуката на Врховен за притвор на обвинетите патувала цели 6 часа до МВР.

Грујевски за последен пат се појави пред судот на 3 јули, кога судењето беше одложено. За него, пред повеќе од една година најпрво беше одреден притвор, но Кривичниот суд ја замени одлуката со куќен. Жалбата на СЈО беше прифатена од Апелација, но обвинетите се жалеа до Врховен. Кога Врховниот суд исто така ја потврди одлуката за притвор од Бошковски и Грујевски немаше трага.

Главната расправа за „Тврдина 2“ започна на почетокот на овој месец – сведоците изјавија дека по наредба на Грујевски биле запалени и уништени документи од управата на скопско Блаце. Продолжението на судењето кое започна во отсуство на Грујовски и Бошковски е закажано за втори ноември.

„Таргет“ Горан Грујевски МВР Никола Бошковски прислушување Тврдина УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.