Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден им вети на Американците во Авганистан дека ќе ги врати дома

0
By Biljana on August 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 21:50

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес -конференција во Вашингтон вети дека секој Американец ќе биде вратен дома од Авганистан.

„Дозволете ми да бидам јасен: ние ќе го вратиме дома секој Американец што тоа го сака. Но, не можам да ветам дека ќе биде без ризик. Не можам да тврдам каков ќе биде исходот. Но, како врховен командант и како Американец можам да ветам дека ќе мобилизираме се што е потребно за секој Американец да се врати дома. Изразувам огромна благодарност до сите храбри мажи и жени на американската војска кои се на оваа мисија. Тие се неверојатни“, рече американскиот претседател.

Тој ги повика сите Американци да се молат за сите оние Американци кои се во Авганистан. „Нашиот фокус е да го спасиме целиот наш народ и кога ќе ги извлечеме сите, ќе ја извадиме и нашата војска“.

„Минатата недела беше срцепарателна, гледавме очајни луѓе во паника. Никој не може да остане имун на такви сцени“, рече Бајден.

Тој појасни дека секој ден разговара со командантите на кои јасно им кажува дека ќе им даде се што е потребно за да ја завршат својата работа по највисоки стандарди, иако ова се тешки околности.

„Се договоривме со талибанците дека американските државјани можат да стигнат до аеродромот. Талибанците ги ослободуваат Американците кога ќе покажат документи. Друго прашање е што се случува кога ќе паднат во овој хаос. Се обидуваме да најдеме најдобар начин за полесно да поминат. Без разлика на околностите, имаме договор со талибанците да ги пуштат сите со американски документи“, тврди Бајден и додава дека „ние сме во постојан контакт со талибанците. На милитантната група која сега го контролира Авганистан и е кажано дека може да очекува силен одговор од американската војска доколку се случи напад.

“Никој воопшто не го поставува прашањето за нашиот кредибилитет. Всушност, мислам дека е токму спротивното. Ние ја докажавме нашата веродостојност и одлучност во последните денови”, додаде тој.

Бајден беше прашан и за Авганистанецот кој работел за американската војска и кој побарал помош, а сега се крие некаде во Кабул.

„Се надеваме дека ќе може да стигне до аеродромот и да се спаси заедно со неговите три деца и сопруга. Тоа е мојата порака до него“, рече Бајден.

Прашан дали ветува дека ќе ги спаси луѓето кои работеле за американската војска и не се американски државјани, американскиот претседател кажа дека тие имаат „обврска да ги спасиме сите што ни помогнаа сите овие години. Не само Американците, иако тие ни се најважни, но ние ќе им помогнеме на сите.

Авганистан повлекување авганистан Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.