Американскиот претседател, Џо Бајден денеска изјави дека е воодушевен од податоците објавени од компанијата „Фајзер“ за нејзиниот антивирусен лек против ковид-19 и оти администрацијата нарачала доволни количества на таблети за лечење на 10 милиони Американци.
Вакцинацијата и примањето на дополнителна доза се најважните инструменти за да се спасат животите на луѓето, изјави претседателот на САД.
„Но, ако ова лекарство се регистрира и добие одобрение и во моментот кога тие таблети ќе станат широкодостапни, тоа ќе стане значаен чекор напред во нашиот пат за излез од пандемијата“, додаде тој.