Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банон замина но контроверзата остана во Белата куќа

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 19, 2017 11:58

Стив Банон, досегашниот главен и контроверзен стратег на Доналд Трамп, ја напушти оваа функција. Но Банон не ја напушта борбата за конзервативна Америка а претседателот Трамп се уште е во неволји со скандалот што го предизвикаа неговите изјави за Шарлотсвил.

“Да нема забуна, дозволете да се дообјаснам: ја напуштам Белата куќа и тргнувам во војна за Трамп против неговите противници – на Капитол, во медиумите и меѓу корпоративна Америка”, изјави Банон во својот прв коментар, по неговото напуштање на функцијата како главен стратег во Белата куќа. Тој повторно ќе биде директор на екстремно-десниот сајт Брајтбарт.

Уште вчера, веднаш по заминувањето од Белата куќа, Банон го водел редакцискиот колегиум на сајтот и новинарите ги повикал да ги засукаат ракавите и да работат на афирмирање на конзервативната кауза.

“Го менувам името во Стив Канон (топ). Војната е во тек!”, напиша денес Стив Банон на Твитер.

Реакции

“Отпуштањето на Банон е добредојдено, но тоа не може да ја скрие позицијата на Трамп за белите нео-нацисти и нетолеранцијата која тие ја застапуваат”, реагираше Ненси Пелози, шеф на демократите во парламентот.

Реакциите дојдоа и од републиканска страна. Мит Ромни, поранешен кандидат за претседател, смета дека ова се важни моменти за Трамп и побара од него да и се извини на јавноста поради тоа што тој стави знак на равенство помеѓу нео-нацистите и анти-расистите. Тој го обвини Трамп дека ги охрабрува расистите и ги фрла во очај сите малцинства во САД.

Дури и шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон го критикуваше Трамп со тоа што јасно го осуди расизмот: “Омразата не е американска вредност”, рече тој.

Руперт Мардок е газда на омилената телевизија на Трамп – Фокс Њјуз

Неколку газди на големи фирми исто така му го свртеа грбот на Трамп а вчера тоа го направи и Руперт Мардок, газда на голема медиумска империја во која припаѓа и ТВ Фокс Њјуз и близок пријател на Трамп. Тој рече дека реториката на Трамп носи омраза и додаде дека не сака да биде соучесник во тоа.

Мајката на Хитер Хејер, жената која загина во насилството во Шарлотсвил од еден нео-нацист, одби да се види со Трамп кој сакаше да и изрази сочувство за загубата на ќерката.

Хаос во Белата куќа

Од Белата куќа заминаа и Шон Спајсер, портпаролот на Трамп и Ренс Прибус, генерален секретар на претседателството. Со заминувањето на Банон екипата на Трамп се реформира по критиките дека во Белата куќа владе хаос. Џон Кели, новиот генерален секретар, се стреми да воведе ред во тој хаос па се шпекулира дека тој стои зад оставката на Банон.

Банон е газда на сајтот на американската екстремна десница Брајтбарт, десница која се претставува со името алт-рајт (алтернативна десница). Тој во една прилика изјави во Њујорк Тајмс дека медиумите не ја познаваат земјата, дека треба да се чувствуваат «понижени» и дека треба да молчат.

Бела куќа Брајтбарт Доналд Трамп екстремна десница САД Стив Банон Шарлотсвил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.