Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Маркетите да имаат редарска служба, глобите за непочитување до 2.000 евра

0
By Нова ТВ on April 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека Владата на вчерашната седница донесе уредба за примена на Законот за трговија со која се поставува ред и дисциплина при влез во објектите во кои се врши трговија на мало, продавници, самопослуги, маркети, пекари, итн. за време на вонредната состојба.

„Сите трговци од денеска се должни да обезбедат редарска служа при влезот во внатрешноста на објектот за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди дезинфекција за раце при влез во објектот. Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание од два метри, при чекање ред на лицата пред и во обејктот и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на обејктот“, појасни министерот Бектеши.

Доколу не се почитуваат овие одредби, најави тој, ќе следуваат глоби и тоа за малите и микро трговци предвидена е глоба од 500 до 1000 евра, додека за средните и големите трговци кои нема да ги почитуваат одредбите од оваа уредба со законска сила, предвидена е глоба од 1000 до 2000 евра. Напомена дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилен инспекциски надзор.

Министерот Бектеши информира дека донесена е уредба со законска сила и за примена на Законот за минерални суровини, а предложена е со цел да се излезе во пресрет на концесионерите на минерални суровини да можат непречено да работат за време на вонредната состојба.

Со оваа уредба, потенцира Бектеши, роковите за постапките за концесии престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Целта е, подвлече тој, да се создадат услови за непречно продолжување на работата по завршувањето на вонредната состојба, без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста на исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини.

Министерот Бектеши напомена дека со оваа уредба не се предвидува одложување на наплатата на  концесискиот надоместок бидејќи истиот се плаќа по продадена експлоатирана количина на минерална суровина, а од друга страна обврската за наплата на концесискиот надоместок за користење на просторот истекува на 31 декември во тековната година што подразбира дека надоместокот за користење на просторот за оваа година истекува на 31 декември 2020 година и со тоа ќе се наплаќа до крајот на годината.

Министерството за економија, нагласи, во изминатиот месец откако е прогласена вонредната состојба поради ковид-19, внимателно ја следи состојбата и предлага во Владата уредби со законска сила со цел заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните и олеснување на условите за работа на компаниите.

Влада економија Крешник Бектеши Маркети Редари Глоби уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.