Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бела куќа: За еден ден се евакуирани 19.000 луѓе од Кабул

0
By Sashko on August 25, 2021 СВЕТ
Фото: rte.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 19.000 луѓе беа евакуирани од Кабул во вторникот, а вкупно 82.300 од 14 август, соопшти Белата куќа, во услови кога меѓународната заедница се обидува да извлече што е можно повеќе луѓе од Авганистан до 31 август, кога е рокот за повлекување на странските војници од таа земја. Талибанците кои ја презедоа контролата над Авганистан, во повеќе наврати соопштија дека немаат намера да го пролонгираат рокот.

Во изминатите 24 часа се реализирани 42 американски воени летови и 48 на коалициските сили кои помагаат во евакуација на луѓе од главниот град на Авганистан, меѓу кои дипломати и Авганистанци кои соработувале со меѓународни организации или странски држави.

Во најголемата досега операција, САД и нивните сојузници од 14 август евакуираа над 80.000 луѓе, вклучувајќи и свои граѓани, персонал на НАТО и загрозени Авганистанци, еден ден пред талибанците да влезат во Кабул и да стават крај на 20-годишното присуство на странска војна.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе се држат до крајниот рок (31 август) за целосно повлекување на војската, и покрај предупредувањата од европските сојузници дека не сите загрозени Авганистанци ќе можат да заминат дотогаш.

Франција ќе ги продолжи операциите за евакуација од Авганистан што е можно подолго, но најверојатно ќе ги заврши тие операции во следните часови или денови пред крајниот рок до 31 август, изјави владиниот портпарол Габриел Атал. Тој додаде дека сè уште не може да даде прецизен рок за завршување на француската евакуација од Авганистан.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб изјави дека крајниот рок за евакуација на луѓето е до последната минута од август.

Десетици илјади Авганистанци го окупираа аеродромот во Кабул во страв од прогон, а среќниците обезбедија место на летовите, пишува Хина.

Холандската влада стравува дека оние што ги исполнуваат условите за азил нема да бидат евакуирани навреме. Холандските војници успеаја да одведат повеќе од 100 луѓе на аеродромот во Кабул, рече министерката за надворешни работи Сигрид Кааг, но стотици други би можеле да останат таму.

Напорите за евакуација на Унгарија се при крај, откако централноевропската земја евакуираше повеќе од 500 луѓе од Кабул кои помагале на унгарска добротворна организација или унгарски војници.

Авганистан евакуација Европа Кабул САД Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.