Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата, како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

  • Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември, рече портпаролот на министерството, Анатолиј Глаз.

Тој ги осуди „отворените непријателски“ акции на САД.

Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија, како и против институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада.