Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема уште еднаш изрази надеж дека ќе биде добитник на престижната „Златна топка“ на претстојната церемонија на 29 ноември во Париз.

Се надевам дека ќе ја добијам. Среќен сум што се борам за наградата, излегувам на терен и постигнувам гол. Многу сум среќен. Се надевам дека ќе продолжам така, изјави Бензема.

Оваа сезона 33-годишниот напаѓач одигра 15 натпревари за Реал Мадрид во сите конкуренции, постигнувајќи 14 голови и осум асистенции.