Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека тензиите со Русија би можеле да се решат со дипломатија, но предупреди дека Москва ќе сноси последици ако ја нападне Украина.
Секој натамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратешки, политички. Дипломатијата е единствен начин, истакна Баербок на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот колега Дмитар Кулеба.
Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Украина и Германија се обединети за заживување на мировните преговори за ставање крај на војната во источниот дел на Украина.
Бербок од Киев ќе отпатува за Москва.
Разговорите помеѓу Москва и западните држави за распоредувањето на десетици илјади руски војници долж украинската граница завршија минатата недела без да биде постигнат напредок. Сајбер нападот врз Украина дополнително ги зголеми тензиите.