Движењето Беса реагира на апсењето на Рамуш Харадинај вчера во Франција, смета дека станува збор за “меѓународен дипломатски скандал” и ја повикува владата на Косово да ги прекине сите разговори со Србија поради потерницата која Белград ја распиша за Харадинај.
Според Беса, сите разговори треба да бидат прекинати се додека Србија не ја разбере политичка реалност во регионот.