Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беса на Касами нема веќе да преговара со Заев, ќе бидат опозиција

1
By Нова ТВ on May 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 12, 2018 15:04

Крилото на движењето Беса што го предводи Билал Касами ги прекина преговорите со премиерот Зоран Заев, за евентуално приклучување кон владината коалиција и најави дека останува конструктивна опозиција.

-Бидеќи овој процес на преговори трае повеќе од четири месеци без некој конкретен епилог, цениме дека се поминати сите временски лимити и несакајќи Движењето Беса да биде заложник на техничките калкулации на парламентарното мнозинство, од денеска ги прекинуваме сите разговори со премиерот на државата во делот на вклучување на Движењето Беса во Владата, се вели во соопштението.

-Процесот на зголемување на парламентарното мнозинство Движењето Беса не го сфати како технички процес само за обезбедување на бројка во Собранието, туку како квалитативен процес со кој преку присуството на Движењето Беса ќе се видеше и разликата во менаџирањето во Владата. Но изгледа овој коректен пристап на Движењето Беса не го сфатил премиерот Заев кој за жал преку опцијата за „купување„ време се обидува политички да ги ослаби сите страни што се вклучени во преговорите за влез во владата, обвинуваат од ова крило.

Од Беса на Касами, како втора причина што не сакаат натаму да преговараат за владина коалиција, е разочараноста што Заев не започнал, како што велат, „да се ослободува од ДУИ како дел од поранешниот режим на Никола Груевски“, на што се надевале.

– Гледајќи ги субјектите кој секојдневно му се приклучуват на преговорите за ширење на парламентарното мнозинство, сега не само ДУИ туку и други елементи што биле дел од режимот на Груевски, вклучувајќи и тие што се директни актери за немилите настани на 27 април минатата година, се гледа како пуштаат длабоки корени во ова влада што полека го губи и епитетот на реформска влада, сметаат од Беса на Касами.

Од ова крило сепак најавуваат дека како опозиција, ќе бидат конструктивни, ќе алармираат за секоја политичка грешка на владата, но истовремено ќе иницираат и ќе поддржуваат секаква реформа што ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, демократизација на државата, владеење на правото, правото на слобода на говор и интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

Претходно генералниот секретар на ова крило на Беса, Аријанит Хоџа во изјава за Плусинфо рече дека прекинот е поради несериозниот однос на премиерот Зоран Заев и според нив, ова е уште една потврда дека на Владата и се поважни технички наместо суштински промени.

 

Беса Влада Заев Касами коалиција преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.