Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими на состаноци на ММФ и СБ: Фокусот на клучните реформи насочени кон фискална консолидација

0
By Ана Василевска on October 10, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 10, 2021 10:01

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на годишните средби на ММФ и Светска банка, кои поради пандемијата и овојпат се организираат онлајн. На состаноците, кои ќе се одржуваат во текот на наредната недела, министерот ќе ги истакне клучните реформи и активности коишто се поврзани со процесот на зајакнување на фискалната консолидација, планот за финансирање на економско заздравување и забрзување на растот, фискална децентрализација, како и соработката и поддршката што ја имаме со овие значајни меѓународни финансиски институции, информираат од кабинетот на Бесими.

„Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст е насочен кон подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата, потоа намалување и реструктурирање на буџетските расходи, преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите како и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање Развоен фонд за стратешки инвестиции.“, стои во соопштението.

Како што се вели во соопштението, еден од врвните приоритетни проекти за МФ е и имплементацијата на ИФМИС системот со поддршка од Светска банка и ЕУ.

ИФМИС е Интегриран информациски систем за управување со финансии кој ќе обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од нивно планирање до целосна реализација со што ќе влијае на подобро буџетирање и реализација.

„ Фискалната консолилдација е една од целите на Планот за финансирање на економско заздравување и забрзување на растот 2022-2026 година, кој покрај тоа треба да влијае и на забрзување на растот и постигнување просечни стапки на раст на БДП над 5 проценти годишно, како и зголемување на инвестициите. Во процес на подготовка е и новата програма за управување со јавните финансии, за што значајна е техничката поддршка од ММФ. Активностите на кои ќе се даде приоритет во наредниот период, а за кои ќе се добие техничка поддршка се во областа на имплементација на фискалните правила и Фискалниот совет од новиот Закон за буџети, зајакнување на управување со јавните инветиции во МФ, зајакнување на капацитетот за планирање на ликвидноста, зајакнување на капацитетите за мониторинг на МФ во управување со фискални ризици кои се поврзани јавните претпријатија, претпријатија во државна сопственост, како и јавно-приватните партнерство, како и контрола на трошењата.
Значајна поддршка земјата доби од овие меѓународни институции и во справување со кризата од Ковид 19 и можноста за брз одговор на потербите за заштита на здравјето на населението, заштита на работните места и поддршка на стопанството.“, објаснуваат во соопштението.

Годишните состаноци на ММФ и Светска банка ги обединуваат гувернерите на централните банки, министрите за финансии, претставници на приватниот сектор, граѓански организации и академици, кои разговараат за прашања од глобален интерес, светските економски изгледи, искоренување на сиромаштијата, економски развој и ефективност на помошта.

Централни теми на состаноците што ќе се одржат од 11 до 17 октомври 2021 година се глобалната економија, меѓународниот развој и светскиот финансиски систем.

На состаноците присуствува делегација од РС Македонија која ја предводат министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Предвидени се повеќе средби, меѓу кои со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, со директорот на Конституенцата предводена од Кралството Холандија, Кун Дејвидсе, со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, како и со други високи претставници на Светска банка и ММФ.

ММФ Светска банка Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.