Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Без кралеви“: Протести во САД против воената парада на роденденот на Трамп

0
By Zoran Ivanov on June 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 14, 2025 11:19

Во Лос Анџелес продолжуваат веројатно најголемите протести во мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп. Луѓето во и околу калифорниската метропола и натаму демонстрираат против строгата имиграциска политика на Трамп и против државната служба за имиграција – ИЦЕ. Иако повеќето протести се мирни, Трамп прво ја испрати Националната гарда во Лос Анџелес, а потоа и засилување од околу 700 маринци.

Денеска пак, се очекуваат демонстрации низ целата земја, а во фокусот ќе биде отпорот кон големите кампањи за депортации на Трамп, пренесува „Дојче веле“. Повод за незадоволство е и големата воена парада со која ќе се одбележат 250 години постоење на американската војска, која се одржува на роденденот на претседателот Доналд Трамп.

Зад протестите стои група која се нарекува „Без кралеви“. Нивното мото е дека во САД не сакаат „тронови, круни и кралеви“. Демонстрации треба да има во секоја од 50-те сојузни американски држави, вклучително и најоддалечената Алјаска и островската држава Хаваи. Според организаторите, треба да се одржат речиси 2 илјади протести.

Протестите повторно добија на актуелност со распоредувањето на војската од страна на Трамп против демонстрантите во Лос Анџелес. Но, движењето „Без кралеви“ е генерално насочено против политиките на владата на Трамп.

„Тие им се спротивставуваат на нашите судови, депортираат Американци, апсат луѓе на улица, ги напаѓаат нашите граѓански права и ги укинуваат нашите програми за помош“, се наведува на веб-страницата „Без кралеви“. Зад движењето стои иницијативата 50501. Името значи – 50 сојузни држави, 50 протести и едно движење.

Поддржувачите на Трамп го доживуваат како силен претседател кој воведува ред во САД, на пример со тоа што ја прави земјата поефикасна со укинувањето на владини организации или со тоа што постапува против непожелни доселеници. Противници на американскиот претседател, како организаторите од „Без кралеви“, го сметаат неговото заобиколување на судовите и Конгресот за закана за темелите на демократијата во САД.

Тоа што протестите „Без кралеви“ се одржуваат токму во сабота, не е коинциденција. Тие треба да бидат противтежа на големата воена парада што Трамп ја организира во главниот град на САД истиот ден.

 

протести роденден САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.