Засега не се знае бројот на жртвите во силната експлозија што денеска одекна во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесуваат француските медиуми, иако британски „Би-Би-Си“ јавува за многу загинати.

Експлозијата се случи за време на петочната молитва. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како во паника бегаат по експлозијата.

Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се евидентирани седум жртви.

Иако сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, дописникот на „Би-Би-Си“ од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да објави дека нападот е дело на бомбаш-самоубиец.

Пред точно седум дена, речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, во која загинаа најмалку 100 лица, за која сè уште никој не ја презеде одговорноста.