Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БИРН: Аеродромот на Крк се користи за превоз на оружје во Сирија

0
By Нова ТВ on October 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 09:42

Аеродромот Ријека на хрватскиот остров Крк станал логистичка база за големи товарни авиони кои пренесуваат муниција и неидентификувани воени залихи за Сирија. Ова го откриле новинарите на Балканската мрежа за истражувачко новинарсто (БИРН), а делумно го потврди и хрватскиот министер за одбрана.

Оружјето, како што напиша претходно БИРН стигнува од источна Европа, а документите покажуваат дека земји од бивша Југославија и источна Европа заработиле милиони од оваа операција. БИРН објави дека во последните 6 месеци 14 товарни авиони преку Крк пренеле оружје и муниција во завојуваните подрачја на Блискиот исток.

-Она што нашите докази покажаа е дека Хрватска стана важно чудовиште за Пентагон за превоз на оружје и воена опрема на Блискиот исток. До неодамна таков центар беше Германија. Но работата пропадна поради несогласувања меѓу Пентагон и Берлин во однос на ставовите околу Сирија во 2016 година. Тоа го примора Пентагон да најде нова рута, вели уредникот на БИРН Лоренс Марзук.

Американската администрација сепак одбива да потврди дека ја користела Германија за пренос на опрема во Сирија.

Состанокот на хрватскиот министер за одбрана и германската министерка за одбрана ја потврдува соработката со Америка на полето на извоз на оружје.

Министрите за одбрана на Германија и Хрватска

-Јасно е во рамките на соработката, партнерството и пријателството, како и останатите држави во рамки на партнерството да се користи хрватската инфраструктура, но таа инфраструктура се користи според сите меѓународни спогодби и програми и тоа е нешто што го прави партнерот и соработникот, изјави хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.

Германската министерка з аодбрана осната без коментар на прашањето каква била улогата на Берлин, пред Крк. Министерот Крстичевиќ кусо изјави: „Германија таа работа ја вршеше претходно, сте требале да ја прашате тогаш“.

Хрватскиот премиер, на прашањето за снабдувањето на сириските бунтовници со оружје исто така само кусо изјави: „Не сум ја читал таа вест“.

Од април забележани се десет лета на авиони на Пентагон од Крк до американската воздухопловна база АЛ Удеид у Катар, а последниот летнал на 25 септември. Секој имал посебна ознака „ЦМБ“ која укажува дека се работи за товарен превоз на Пентагон. Меѓутоа при слетувањето на аеродромот Ријека имале ознаки на комерцијални летови, што значи дека воениот товар го презеле во Хрватска.

Истражувачите на БИРН дошле до бројки за тоа колкав е обемот на овој бизнис.

Од вкупно 2,2 милијарди долари кои Пентагон наводно ги изводјува за оваа цел досега се потрошени 718 милиони долари на вооружување на сириските бунтовници. Хрватска во тој колач учествува со 6,3 милиони долари, БиХ со 33,5 и Србија со 33,2 милиони долари.

Ова не е прв пат Хрватска да се споенува во контекст на превоз и продажба на оружје во завојуваните подрачја на Блискиот исток. Ѕидот на тишината е постојан во секоја влада иако на Хрватска како членка на ЕУ е потписник на договор за извоз на оружје кој децидно забранува извоз на оружје во случај да постои можност оружјето да заврши во трета земја под несакани околности.

Извор: Н1

Германија Крк оружје Пентагон Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.