Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимовски: Цената за приклучок на парно за новите објекти ќе биде 2.000 денари

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2020 13:24

Цената за приклучок на парно греење е намалена за 37 проценти, односно од 3.180 денари на 2.000 денари по инсталиран киловат, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Според него, со оваа мерка се стимулираат иневститорите да се приклучуваат на еколошки системи, но и да се зголеми бројот на корисници со што ќе се намалува и цената за топлинска енергија до крајните потрошувачи.

„По намалување на цената за приклучок на електрична енергија од 500 евра на 370 евра, денеска ја намаливме цената и за приклучок на нови објекти што ќе бидат приклучувани во наредниот период. Со тоа продолжуваме да даваме сигнали до инвеститорите да се приклучуваат на еколошки системи. Имајќи предвид дека производството на топлинска енергија во Скопје е на природен гас, даваме уште поголем сигнал за зголемување на бројот на потрошувачи приклучени на овој систем. Со зголемување на бројот на потрошувачи сакаме да ги намалуваме цените за топлинска енергија до крајните потрошувачи“, истакна Бислимовски на прес-конференција.

Првиот човек на РКЕ најави дека со новите мрежни правила за дистрибуција на електрична енегија ќе се врши засилена контрола на работењето и одржувањето на системот за дистрибуција на топлинска енергија што сам ги носеше операторот. Сега тие ќе бидат одобрувани од страна на РКЕ.

„Продолжуваме да воведуваме нови начини на контрола на компаниите кои дистрибуираат топлинска енергија“, подвлече Бислимовски.

Според најновите анализи на РКЕ, во Скопје цената на топлинската енергија е најниска во однос на други поголеми градови од регионот.

„Цената на топлинска енергија во Скопје е за 77 отсто пониска од онаа во Белград, за 36 отсто пониска од онаа во Љубљана, за 27 отсто пониска од онаа во Сараево, за 26 отсто пониска од онаа во Нови Сад и за 8,4 проценти пониска од онаа во Софија. Верувам дека ова е уште еден доказ со кој ќе дадеме сигнал на инвеститорите кои градат згради, своите новоизградени објекти да ги приклучат на системот за топлинска енергија. Притоа, треба да се знае дека сите нови згради кои ќе бидат приклучени ќе мора да постават каломериметри за секој стан“, потенцира претседателот на Регулаторната комисија.

РКЕ, дополни, е во комуникација со БЕГ, некои производители на калориметри и со Владата за да најде најекономичен начин за воведување калориметри во зградите со хоризонтален системи. Одговорајќи на новинарски прашања, Бислимовски истакна дека има поплаки од потрошувачи до РКЕ за добиени високи сметки на струја.

„Има одреден дел поплаки стигнати до РКЕ. Неколку пати ја известивме јавноста дека секој потрошувач има право на самоотчитување. Може сам да ја прочита состојбата на своето броило и да ја достави до снабдувачот по што сметката веднаш ќе му биде корегирана. Направивме и сериозен притисок врз ЕВН да објави веб алатка/апликација на која електронски секој потрошувач ќе може да ја достави потрошувачката врз основа на што фактурата ќе му биде веднаш корегирана. Фактички, секој би бил сам свој инкасатор“, подвлече Бислимовски.

Според него, сите потрошувачи кои биле исклучени од ЕВН, а се обратиле до РКЕ, се повторно вклучени. Оние, пак, кои имале огромни долгови за струја пред кризата, по 400.000 – 500.000 денари, треба да покажат разбирање и да ги покријат.

„Инсистираме и кај ЕВН да покаже разбирање, осоебно за комерцијалните субјекти. Веднаш се потпишува договор за плаќање на трошоците на рати и потоа се приклучуваат. Се разбира дека има и карактеристчни случаи кои пред кризата имале долгови од 400.000 – 500.000 денари и тие граѓани треба да покажат разбирање дека треба да ги покриваат своите трошоци за електрична енергија“, рече Бислимовски, нагласувајќи дека за плаќањето на рати нема да се наплаќа камата за месеците додека трае вонредната состојба.

Наплатата на ЕВН изнесува околу 95 – 96 отсто, а конкретно во делот на домаќинствата 92 – 93 проценти. Бислимовски уште еднаш порача дека неплаќачите треба да се потрудат да ги подмират сметките, а редовните плаќачи да се наградат.

Македонија Марко Бислимовски парно Приклучок РКЕ топлинска енергија цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.