Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи-Бектеши: Проблемот со парното е решен, радијаторите ќе останат топли до крај на грејната сезона

0
By Sashko on January 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција попладнево.

Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.

Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е обврска на Град Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и затоа Владата тоа го направи, рече Битиќи.

Тој информира дека сите економски ресори во Владата во последните две недели имале редовни состаноци на кои се разгледувале сите опции и можни решенија и додаде дека е пронајдено најпрагматичното решение, кое, како што рече, ги искористува сите законски можности со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните.
Вчера Владата донесе одлука во која побара од ТЕ-ТО да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ до 31 јануари 2022 година. Владата во процесот на преговори со БЕГ и со ТЕ-ТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли, нагласи Битиќи.
Министерот Бектеши информира дека проблемот со снабдување топлниска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.  

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за еконмија, во сорабокта и со Регулаторната комисија за енергетика, со ЕСМ, со кабиентот на вицепремеирот,  ја донесе Уредбата во делот на критеирумите и условите за прогласување кризна сосотјба  на пазарот на топлинска енергија. Согласно оваа Уредба, ќе биде донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнително утврдени, рече Бектеши. 

Со цел надминување на состојбите, најави дека Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга. 

Мерките кои се составен дел од уредбата овозможувааат Владата преку ЕСМ да го стабилзиира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ деднес го потпиша договорот за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари 2022 година. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија,  покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економско исплатливо снабдување во овој период.  ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки. Во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а проиведената електрична енергија ќе ја купува АД ЕСМ. Дополнитлено ТЕ-ТО наместо до 22 часот ќе работи до еден часот по полноќ и  со ова ќе се произведе потребната топлиснка енергија за Град Скопје и сите корисници, рече Бектеши.

Тој додаде дека до крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја преземе АД ЕСМ со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ.  

Во моментов како што информираа од БЕГ дека не се во можност да работи самостојно компанијата, побара од Владата принудна управа. Донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада.  Согласно ова задолжение, Владата во текот на наредната недела ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи таков договор се со цел да ја продлабочи соработката со БЕГ.  Исто така за работењето на АД Скопје -Север ќе се склуичи договор за длеовно техничка сораобтка по истиот принцип. Со договорите за деловно техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите мируваат, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ, образложи Бектеши. 

Како што информираше Бектеши на прес-конференцијата, АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работерње преку посебна сметка и за тоа ќе доставува извештај до Владата во континуитет. АД ЕСМ, како што рече, веќе поседува лиценци за топлинска енергија и тие ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од РКЕ. 

„Како Влада сме целосно посветени во решавање на сите проблеми во интерес на граѓаните. Во изминатите неколку дена имавме исцрпни преговори и разговори со сите надлежни институции и успеавме да најдеме решение коешто согласно сите законски можности ја исполнувааат главната цел, а тоа е квалитетна услуга за домаќинствата. Ова решение кое што го постигнавме денеска обезбедува непрекината испорака на топлинска енергија за сите домаќинства во Град Скопје и општините кои се во рамки на Град Скопје“, рече министерот Бектеши.

БЕГ грејна сезона ЕСМ Крешник Бектеши Македонија парно ТЕ-ТО Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.