Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Изготвени 58 технички документации за проекти во 47 општини и два регионални центра

0
By Sashko on November 3, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 11:10

Со 1,6 милиони долари досега се изготвени 58 квалитетни технички документации за проекти во 47 општини и два регионални центра. Сите овие проекти се подготвени за реализација, а за нивно финансирање ќе бидат потребни 126 милиони долари, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“.

Проектите, напомена Битиќи, ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, а додадена вредност е што се зајакуваат капацитетите на локалните самоуправи.

Идејата за проектот потекна од централанта власт која препозна недостиг на квалитетни технички документации на локално ниво. Мора да се посветиме на проекти за реалните потреби на граѓаните и тука нема компромис. Ваквиот тип структурна поддршка со која е подготвувана квалитетна техничка документација, се надевам дека ќе мобилизира повеќе инвестиции, нагласи вицепремиерот.

Тој подвлече дека останува владиниот приоритет за рамномерен регионален развој поради што продолжува изготувување и спроведувањето проекти за подобрување на патната и железничката инфраструкутра, водоводи и канализации, градинки, училишта, амбуланти, итн.

Битиќи најави и дека првпат ќе се формира централна единица за мониторинг и спроведување капитални проекти која ќе гарантира нивно ефикасно спроведување.

Шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон ги поздрави ваквите заложби, нагласувајќи дека во Шведска се нагласува потребата од зелени инвестици.

Кога видов кои проекти се поддржани, ми беше мило дека се многу различни, и во делот на физичката инфраструктура како патишта, транспорт, но има и инвестици од социјален аспект: училишта, градинки, амбуланти. Во Шведска ја нагласуваме потребата од зелени инвестици и енергетски ефикасни решенија како кај згради или еколошки извори на енергија, рече Форсгрен Бенгтсон.

Амбасадорката информира и дека шведската Влада усвои долгорочна седумгодишна стратегија, до 2027 година, особено за Западен Балкан и Турција, во која е опфатена и Северна Македонија.

Шведска верува дека локалниот развој е клучен фактор за економски раст. Ќе продолжиме да соработуваме со државите во регионот, потенцира Форсгрен Бенгтсон.

На конференцијата се обрати и постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Армен Григорјан кој истакна дека инвестициите во инфраструктурата се клучни за локален економски развој.

документација Македонија проекти реализација Регионални центри Тркалезна маса Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.