Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизниз заедницата е за референдумот и за побрзо членство во ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on September 4, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанската комора на Македонија и дава целосна и недвосмислена поддршка на Владата за референдумот, а по завршувањето на процесите околу членството во ЕУ и НАТО, очекува помирување на политичките партии и создавање уште подобри услови за развој на економијата.

– Не уверивте во потребите бизнис заедницата да ги поддржи напредните идеи на државата. Ги знаеме и ги цениме сите напори што ги направивте во изминатиот период, истакна претседателот на Комората Бранко Азески, заокружувајќи ја денешната трибина на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На тоа премиерот Заев возврати дека е созреано времето да се одработи за државата. Воедно порача, стопанствениците да ја зграпчат новата можност за соработка со Грција и Бугарија.

– Македонија мора да направи квантен скок, да се качи на мотор од 1.600 кубика за да ја забрза својата перспектива, а тоа е можно само ако стане ќленка на НАТО и ЕУ. Верувам дека ќе успееме. Ова прашање е многу важно за сите, за земјава генерално, за граѓаните, но и за бизнисот. Не е исто да имате пазар од околу 1,5 милиони и пазар од 500 милиони жители, подвлече Заев.

Тој очекува раст на економијата во вториот квартал од 2,5 до четири отсто, а по евроатлантските интеграции и над пет проценти.

– Тоа е можно ако прво, ние политичарите се средиме, и второ, откако, секако, ЕУ ќе не подбере со камшик и ќе не стави во колосек, нагласи премиерот.

Уште сега, дополни премиерот, додека членството во ЕУ и НАТО се уште се во најава, бројките кажуваат многу. Индустриското производство порасна за 8,4 отсто или само за 5,5 е растот во првите осум месеци оваа година во споредба со лани.

– Вака како што сега се поставени работите, со контролите на УЈП и инспекции, меѓу осум и 10 проценти е зголемен приходот од даноците, а тоа е доказ дека живее економијата, дека се раздвижени и растат параметрите. Зголемен е и извозот за 14,5 отсто, рече Заев.

Оценка на стопанствениците е дека изминатава година економските состојби се значително подобрени, а по евроатлантските интеграции се очекува бројките драстично да пораснат.

– Сега е моментот како граѓани да ја донесеме финалната одлука. Не треба да биде тема на разговор дали да се одлучиме за овој чекор, туку како максимално да го искористиме. Членството во НАТО и ЕУ ќе донесе придобивки и одлични можности за македонската економија. Во првите декади нема да станеме богати како некои западни земји, но граѓаните ќе добијат шанса за подобар живот, потенцираа претставниците на бизнис заедницата.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер укажа дека ако Македонија сега не ја искористи шансата и не стане дел од ЕУ и НАТО, разочарувањето кај младите ќе се зголеми, иселувањето ќе се интензиира, ќе се намалат странските инвеститори, извозот и вработувањата, а можна е и нова политиќка криза, како и закана по безбедноста. Ќе се изгубат и милијардата евра што ЕУ е подготвена да и ги даде на Македонија по евентуалното членство, иницијативите за заштита на животната средина, врските со меѓународните универзитети и со Е-инфраструктурата, дополни Петер.

Придобивките од ЕУ и НАТО

Дебатата во Стопанската комора отвори повеќе прашања – договорите на Македонија со Бугарија и Грција, потребата од воведување дуално образование, подобрувањето на инфраструктурата, придобивките од членството во НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев уште еднаш рече дека е убеден во исправноста на донесените одлуки, независно дали тие ќе се доразат понатаму во неговата политичка кариера.

 

– Нема интеграција во ЕУ и НАТО без целосно решени прашања. Апсолутно, 100 отсто сум сигурен дека Договорот со Грција е добро завршена работа. Придобивките допрва ќе се почувствуваат. Наше е само да го следиме духот на градење пријателство, подвлече премиерот, додавајќи дека документот е целосно транспарентен и со него македонија доби уште еден партнер на големиот европски пазар.

Негов став е дека Македонија, како мал пазар, мора да гради пријателства, посебно со соседите. – Откако изградивме концепт „едно општество за сите“, бевме подготвени да почнеме со решавање на крупните прашања кои ќе ги отворат македонските перспективи. Досега Грција од политички причини, не беше сфаќана како пријател на Македонија. Сега не е така.  Тоа прво го кажуваме кога ќе ме прашаат новинарите што добивме со Договорот. Добивме пријател, потенцира Заев.

 

ЕУ НАТО референдум Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.