Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Блумберг“: Маск продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“ за повеќе од 1,1 милијарда долари

0
By Sashko on November 11, 2021 СВЕТ
Фото: clasesdeperiodismo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на „Тесла“, Илон Маск, продаде акции во вредност над 1,1 милијарда долари, јави „Си-Ен-Би-Си“, повикувајќи се на финансиски документи. Тој продал повеќе од 930.000 акции, откако беше обвинет за затајување данок. Меѓутоа, бизнисменот, сè уште поседува повеќе од 170 милиони акции во компанијата.

Продажбата на акциите веќе е реалност, откако бизнисменот на Твитер најави дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“.

Основачот на „Тесла“ во саботата твитна дека „во последно време многу се зборува за неостварената добивка како алатка за даночно затајување“, па тој понуди да продаде 10 отсто од своите акции во „Тесла“ и изрази подготвеност да донесе одлука врз основа на анкета меѓу интернет потрошувачите. Повеќе од пола од нив или 57,9 отсто се изјаснија за продажба на акциите.

Весникот „Волстрит журнал“ истакна дека Маск останува најголем акционер во „Тесла“ со сопственост врз околу 17 отсто од компанијата, чија вредност се проценува на околу 200 милијарди долари. Тој, пак, објасни дека ги продава акциите за да си ги плати даноците.

Претходно, бизнисменот го критикуваше „данокот за милијардерите“, што го предлагаат демократите во американскиот Конгрес. Веднаш по неговиот твит, вредноста на акциите на „Тесла“ опадна, а капитализацијата на компанијата падна под еден трилион долари.

Американската компанија „Тесла Моторс“ е основана во 2003 година како иноватор и производител на електрични возила и сродни технологии. Седиштето на компанијата е во Пало Алто, во Калифорнија. Покрај електричните возила, компанијата произведува батерии и електрични мотори користејќи сопствена технологија и ги продава на други автомобилски компании како „Тојота“ и „Дајмлер“.

Според рејтингот на милијардери на „Форбс“, на 1 ноември годинава, Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надмина 300 милијарди долари.

акции Блумберг Илон Маск продажба САД Свет Тесла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.