Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богдановиќ: Со планот за Мал Ринг, отстрануваме дел по дел од „Скопје 2014“

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог деталниот урбанистички план (ДУП) за Мал Ринг што денеска го презенетираме, не е направен за нешто да се протурка, туку да отстрануваме дел по дел од проектот „Скопје 2014“. Мора да одиме чекор по чекор, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавната презентација за предложениот ДУП. Тој истакна дека на планот се работи повеќе од една година, а сите работи што се преземени, се направени точно и прецизно, без да се направи каква било штета.

„Клучна работа во сите постапки беше да го вратиме во управување државното неизградено земјиште, особено за делот Мал ринг, односно поврзано со проектот „Скопје 2014“. Во изминатиот период се изнаслушав дека сакаме да легализираме делови од „Скопје 2014“. Со новиот предлог план се прави спротивното, почнува да се стопира и да се брише се она што било зацртано во тогашнио проект Скопје 2014“, рече Богдановиќ.

Во пресрет на денешната презентација, вчера Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) побара од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на општинскиот совет Цветанка Симобовска да го повлечат и преработат Предлог детaлниот урбанистички план. Според ААМ, станува збор за објекти и земјиште во државна сопственост и објекти кои во својата срж, во најмала рака се спорни, поради што сметаат дека за ваков предлог-план нема потреба од јавна презентација и јавна анкета пред спорните објекти да бидат исфрлени од планот.

Со предложениот план, велат од ААМ, се дава потврда и реафирмација на изградениот, но како што велат што е уште пострашно на неизградениот дел од проектот „Скопје2014“, од кој ова здружение се огради уште кога беше презентиран и бараше негова институционална ревизија.

ДУП Мал ринг објекти Општина Центар презентација Саша Богдановиќ Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.