Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Лажна вест е дека над Трнодол ќе има нова населба

0
By Нова ТВ on December 16, 2019 ПОЛИТИКА
Стефан Богоев
Стефан Богоев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2019 16:28

Изградба на нова населба над Трнодол ќе нема, порача градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев при денешната посета на Влае 2 за селекција на отпадот. Притоа тој нагласи дека соседната населба Жданец воопшто не е опфатена со Деталниот урбанистички план (ДУП) кој, како што рече, бил максимално транспарентно претставен во изминатиот период. Таквите вести ги окарактеризира како „лажни и политички конструкции и манипулации пласирани од поединци за лични или партиски мотиви“.

„Согласно барањата на граѓаните на Трнодол од летово, ние се согласивме да одржиме нова јавна презентација и нова јавна расправа за предложениот ДУП. Од утре започнува нова јавна презентација по претходно направена јавна анкета, што значи утре нема да се носи Деталниот урбанистички план. Како градоначалник на Карпош имав средба со седум претставници од населбата, на која присуствуваше и претставник од Град Скопје, како и стручни лица од Општината од која произлегоа барања на граѓаните што ние ги прифативме за што постои и уреден записник. Сите граѓани кои ќе градат согласно позитивните законски прописи, се должни да направат геомеханички истражувања на земјиштето, и доколку има потреба да постават шипови (бетонски статички конструкции), за да се направи стабилизација на земјиштето“, нагласи Богоев.

Општина Карпош ќе организира повторна Јавна презентација и Јавна анкета по предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј03, блок 7, за делот околу Трнодол. Анкетата што е во тек, ќе трае до 27 декември во 2019 година, секој работен ден од 8 до 18 часот, во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ (ул. „Стрезово“ бр.7) со цел да се овозможи транспарентен и отворен процес, при што ДУП-от ќе биде изложен за граѓаните и по завршување на работното време на администрацијата.

ДУП карпош Стефан Богоев Трнодол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.