Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Нула толеранција за криминалот и корупцијата – нов систем за видео надзор се воспоставува на сите гранични премини

0
By Marija Todorovska on March 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2024 14:40

Новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата. Дежурниот царински центар на Царинската управа од денеска располага со сите податоци кои ги вчитуваат поставените „паметни камери“ на овие гранични премини. Информациите од системот ќе се складираат во податочен склад и истите ќе се користат за напредни анализи на податоци, за анализа на ризик, како и за истрагите што ги води Управата со цел сузбивање на криминалот и корупцијата. Денеска, директорот на царинска управа Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Татјана Марковска специјалист за приватен сектор при Канцеларијата на Светска банка, го посетија Дежурниот царински центар и граничниот премин Дојран со цел увид на реализацијата на проектот.

„Ветив нула толеранција за криминалот и корупцијата. Ова се овозможува само со конкретни проекти кои трајно ќе го искоренат криминалот. Системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое возило со која регистарска табличка, боја и марка на возилото влегло во државата и како се движело низ граничните премини во одреден период, но исто така алармира доколку некое лице се движи во недозволени области околу премините. Сите информации се внесуваат во податочен склад при што доколку понатаму е потребно да се извади статистика за движењето на одредено возило за кое на пример има потерница, истите информации ни се достапни веднаш“, истакна Богоев.

Министерот за транспорт и врски вели дека системот целосно ќе се имплементира годинава и оти неговата ефикасност во насока на подобрување на работата на граничниот премин е веќе видлива преку имплементацијата на системот на граничниот премин Дојран.

„Водејќи се од потребата да го забрзаме и да го зголемиме протокот на сообраќај на граничните премини, Министерството за транспорт и врски го набави овој информатички систем како дел од Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Се работи за нов централизиран видео систем, кој се поставува на сите гранични премини во Република Северна Македонија. Опфаќа систем за видео надзор со 350 различни типови на дигитални камери со аналитички функции, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците“, потенцира Бочварски.  

За реализација на системот се обезбедени средства во висина од околу еден милион евра преку Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, Масимилијано Паолучи посочи дека трговијата и меѓународната интеграција се од суштинско значење за економскиот раст на земјите со мал домашен пазар како Северна Македонија.

„Како што сугерира една неодамнешна студија на Светска банка, подобрувањето на трговското олеснување и ефикасноста на границите може да го зголеми националниот доход до 3% низ Западен Балкан. Преку проект за регионална трговија и транспорт во вредност од 105 милиони долари, кој ги вклучува РС Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора, целта ни е да ги поддржиме земјите-учеснички да ги намалат времето и трошоците потребно за спроведување на граничните формалности со цел подобрување на регионалната трговија. Преку проектот ќе се финансираат интервенции како на пример дигитална платформа за дозволи за извоз/увоз, надградба на граничната инфраструктура и Интелигентен транспортен систем на коридорот 10. Системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што ќе се имплементира на сите гранични премини, почнувајќи со оној во Дојран предвидува забрзување на граничните премини за товарни возила, рационализација на трговијата за овластените економски оператори“, истакнува Паолучи.

безбедносни камери гранични премини Корупција криминал Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.