Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болна дамка на англискиот фудбал: Истрага за педофилија кон 55 клуба

0
By Нова ТВ on December 5, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не престануваат брановите што веќе трета недела го тресат британскиот фудбал. Позадината во случајот не е лажирање мечеви или затајување данок, позадината овојпат е неспоредливо пострашна и грозоморна и произлегува од болни човечки умови. Користејќи ја својата позиција, влијание и моќ (тренери, менаџери, скаути) сексуално злоставувале момчиња кои имале само една единствена желба и цел – да тренираат фудбал и еден ден да станат професионалци како нивните тогашни идоли.

Фото: thescottishsun.co.uk
Фото: thescottishsun.co.uk

Се почна во средината на ноември кога жртва на такво изживување реши да прекине со молкот и да проговори во британски весник за тоа што го притиска од детскиот период. Притоа истакна дека знае и други случаи со исто или слично искуство како неговото. Собра храброст во себе, го симна превезот на тајна на мрачните доживувања што ги имал и јавно ги сподели со јавноста во Англија.

Вудворд: Животот ми беше уништен сè до 43 година

„Сакам да се ослободам од ова што го носам во мене и да им дадам шанса и на другите да проговорат. Сакам да им дадам сила на луѓето. Убеден сум дека ќе излезат на површина многу болни лични искуства. Животот ми беше уништен сè до 43 година. Но, се прашувам колку има такви како мене? – Овде говориме за стотина деца што ги селектираше Бери Бенел кои сега како возрасни можеби сè уште живеат со голем страв во себе“, изјави Еди Вудвард за „Гардијан“.

Еди Вудворд

Вудвард во кариерата настапуваше за Сканторп, Бјури, Кру, Шефилд јунајтед, но патот што го минувал до сениорската конкуренциија му бил вистински пекол. Злоставувањата се случувале додека бил член на младинскиот погон на Кру на возраст меѓу 11 и 15 години. На тапет е злогласниот Бери Бенел кој сексуално злоставувал и други деца за што во 1998 година бил осуден на девет години затвор, откако се соочи со 23 обвиненија. Вудвард вели дека злоставувањето на деца било распространета појава меѓутоа многумина не сакаат да зборуваат на таа тема од срам.

Иако носи бројни трагови од Бенет, сепак, неговите, се чини, се потешки од останатите, тогаш деца, со оглед дека педофилот не застанал тука.

„Беше во врска со мојата 16 годишна сестра. Тоа беше двојна клетва. Понекогаш се обидуваше да ме злоставува додека она беше дома“, раскажува поранешниот фудбалер.

Фудбалска топка

Поранешниот голман на младата екипа на Чарлтон, Расел Дејви изјави дека во 1986 година се обратил со писмо до Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија во кое се пожалил на напади од Еди Хет, тогашен скаут на Челзи. Одговор, вели, никогаш не добил.

ФА најави независна истрага

Британската полиција поведе истрага против 55 англиски клубови, што професионални што аматерски, во рамки на педофилскиот скандал што го тресе тамошниот фудбал, неговата Федерација и некои големи клубови, пишуваат медиумите. Според „Обсервер“, Националниот совет на шефови на полиции (НПЦЦ), организација за координација на локалните полициски сили, потврди дека се споменуваат 55 клуба во истраги низ цела Велика Британија. Весникот, исто така, наведува, дека третина од локалните полиции на Островот водат истраги.

angliska-policija

Директорот на телефонската линија за помош на жртви што регистрира 860 повици во една недела, а што  ја покрена НСПЦЦ, главна организација за заштита на малолетници во Велика Британија, оценува дека досега се изложени млади играчи.

„Располагаме со некои информации и обвинувања според кои сега во опасност се децата“, истакна Џон Камерон од НСПЦЦ за „Обсервер“.

Лого на фудбалска асоцијација на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија најави отпочнување на независна истрага. Некои англиски клубови се обвинети дека со децении прикривале педофилија чиј број на жртвиби можел да нарасне до 350 според полициски извори.

 

 

 

Англија Бери Бенел деца Еди Вудворд жртви Педофилија Сексуално злоставување скандал фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.