Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во интервју објавено денеска за шпанскиот весник „Ел Диарио“ изјави дека ЕУ конечно стана енергетски независна од Русија.

„За само неколку месеци се ослободивме од енергетската зависност од Русија што ја градевме со години“.

Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел изјави дека тензичната ситуација на пазарот веќе не може да се поврзува со војната во Украина, туку дека тоа е „структурен проблем“ на корелацијата на цените на гасот и електричната енергија.

Високиот претставник на ЕУ изрази надеж дека ЕК ќе донесе мерки што ќе ги ублажат последиците од високите цени на енергентите.

Извор: МИА