Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Нема оправдување за осакатувањето на женските гениталии, наскоро ЕУ ќе ја криминализира оваа практика

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 6, 2024 10:15

– Осакатувањето на женските гениталии претставува кршење на човековите права и форма на насилство врз девојчињата и жените, за кое нема оправдување, се наведува во пораката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во име на Европската комисија по повод Меѓународниот ден на нулта толеранција за осакатување на женските гениталии – 6 Февруари.

– Да бидеме јасни: овие постапки не се случуваат од медицински причини. Животите на девојчињата се загрозени, нивните човекови права се прекршени и тие трпат трајни физички и психички трауми. Едноставно нема оправдување за осакатување на женските гениталии, наведува Борел, потврдувајќи ја силната посветеност на ЕУ за искоренување на оваа практика ширум светот.

Tој упатува порака до заедниците, владите, организациите и меѓународните партнери да се обединат за да ги заштитат човековите права, достоинството и здравјето на жените и девојките.

– Европската Унија ќе продолжи да соработува со меѓународните партнери во пристапот на нулта толеранција кон осакатувањето на женските гениталии и да се залага за свет во кој секоја девојка и жена ќе бидат ослободени од каква било форма на насилство, се додава во пораката.

Борел потсетува дека минатата година ЕУ ја ратификуваше Истанбулската конвенција, како клучен чекор кој го нагласува насилството врз жените како една од формите на кршење на човековите права.

– Друг важен чекор ќе биде да се вгради ефикасното криминализирање на осакатувањето на женските гениталии во правото на ЕУ. Работиме на овие правила и тие ќе бидат дел од пошироката правна рамка за борба против сите форми на насилство врз жените. Во нашиот предлог за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, предлагаме конкретно да се криминализира осакатувањето на женските гениталии како самостоен прекршок, наведува Борел, додавајќи дека за овој предлогот во моментов се водат преговори меѓу институциите на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ истакнува дека Европската комисија подготвува и препорака која пред се ќе има за цел да се спречат штетните практики врз жените и девојчињата.

– Во Европа и ширум светот, жените и девојчињата треба да бидат ослободени од осакатување на женските гениталии и сите други форми на насилство, нагласува Борел во пораката по повод Меѓународниот ден на нулта толеранција за осакатување на женските гениталии – 6 Февруари.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација осакатувањето на женските гениталии ги опфаќа сите процедури кои вклучуваат делумно или целосно отстранување на женските надворешни гениталии или други повреди на женските генитални органи од немедицински причини, што претставува форма на насилство која има тешки доживотни физички и психолошки последици врз жените и девојчињата.

Се проценува дека во Европа околу 600.000 жени живеат со последиците од осакатувањето на женските гениталии, како и дека околу 190.000 девојчиња во 17 европски земји се изложени на ризик да бидат подложени на оваа пракса.

Секоја година во Европа како баратели на азил пристигнуваат најмалку 20.000 жени и девојки од земји каде постои ризик од осакатувањето на женските гениталии.

Со повеќе документи на ЕУ, како Акцискиот план за човекови права и демократија 2020-2024, Стратегијата за родова еднаквост 2020-2025, Третиот Родов акциски план и Стратегијата за правата на детето, Европската комисија ја изразува својата силна посветеност на ставањето крај на сите форми на родово засновано насилство, вклучително и осакатувањето на женските гениталии, како во Унијата, така и надвор од неа.

– Во согласност со овие политики и нашата посветеност да ставиме крај на осакатувањето на женските гениталии во Европа и на глобално ниво, ние поддржуваме и соработуваме со преживеаните, засегнатите семејства и заедници, експерти и креатори на политики, посочува ЕК, додавајќи дека потребата од криминализацијата на оваа практика е предвидена со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата, што во ЕУ стапи во сила на 1 октомври 2023 година, е потпишана од сите земји членки на Унијата и досега е ратификувана од 22 од нив.

Во март 2022 година, ЕК поднесе предлог за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, што конкретно го криминализира осакатувањето на женските гениталии како прекршок, по кој преговорите се уште траат.

Комисијата најавува дека наскоро ќе усвои и посебна Препорака за спречување и борба против штетните практики врз жените и девојчињата, вклучително и осакатувањето на женските гениталии, која ќе вклучува конкретни активности што ќе треба да ги спроведат земјите членки, како и дополнителна и специјализирана поддршка за заштита на жртвите на штетните практики.

Меѓународниот ден на нулта толеранција за осакатување на женските гениталии – 6 Февруари е прогласен од страна на ОН минатата година, како дел од меѓународните напори за елиминирање на оваа практика на глобално ниво до 2030 година.

Борел ЕУ Меѓународниот ден на нулта толеранција за осакатување на женските гениталии Насилство врз жени и девојки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.